Американскиот ловец F-35, на кој САД трошат околу еден трилион долари, има недостатоци поради кои никогаш нема да може да го совлада во борба рускиот ловец Су-35, „дури ни за милион години”, смета научниот соработник на Кралскиот обединет институт за одбранбени истражувања на Велика Британија Џастин Бронк, пишува „Бизнис Инсајдер“.
Во раните фази на проектирањето експертите истакнуваа дека F-35 според способноста за водење воздушни битки заостанува дури и зад F-16, чија замена би требало да биде. Подоцна некои недостатоци се отстранети, но кај F-35 акцентот е повеќе на намалената забележливост на авионот, додека помалку внимание е посветено на борбените карактеристики.
„Токму поради таа причина постарите борбени авиони како што се Су-35 или „Тајфун“ во блиска борба веројатно ќе можат да го уништат F-35”, пишува авторот на статијата.
Иако секој доверлив извештај сведочи за тоа дека F-35 ќе биде надмоќен кога станува збор за забележливоста, сепак ефикасноста во воздушната битка зависи од други карактеристики.
„Тајфун“ и Су-35 имаат позитивен однос меѓу потисокот и тежината при борбеното оптоварување, а тоа значи дека тие значително поефикасно од F-35 можат да ја зголемуваат брзината, исто така и при вертикален лет. Притоа Су-35 е значително поспособен маневарски”, објасни Бронк.
„Така што F-35 во воздушна битка според сѐ нема да може да совлада еден Су-35 или „Тајфун“, заклучува авторот на текстот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче