Видео: Су-30СМ доминира во воздухот

Руски ловец СУ-30СМ

Руски ловец СУ-30СМ

Вадим Савицки/TASS
На интернет се појави видео-снимка посветена на рускиот повеќенаменски ловец Су-30СМ од генерацијата 4+.

Како што се соопштува во објаснувањето на видеото што го сними ТВ-каналот „Ѕвезда“, овој двосед може да врши борбени задачи дење и ноќе во сите временски услови. Су-30СМ е веќе користен во операциите на руските Воздушно-космички сили во Сирија.

Овој ловец е направен за остварување на доминација во воздух и е способен да се бори дури и против авиони од петта генерација. Развива максимална брзина од 2350 км/ч и носи преку 10 тони проектили.

Авионот може да изведува сложени акробатски фигури како што се „Ѕвоно“ и „Кобрата на Пугачов“. Радиусот на борбената примена на овој ловец изнесува 1500 км. Неговите модули за радиоелектронска борба ги попречуваат радарите на непријателските авиони и противвоздушната одбрана. Су-30СМ може да се користи и за воздушни напади врз копнени цели.

Претходно се појави и видео-снимка од маневри во кои Су-30СМ уништи брод кој служеше како мета.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња