„Виновна е работничката во магацинот!“ – вистината за скандалот со моторот на ракетата „Протон“

„Протон-М”, Казахстан, Космодром Бајконур.

„Протон-М”, Казахстан, Космодром Бајконур.

Комсомољскаја Правда/Global Look Press
Можеби звучи како шега, но „Роскосмос“ го откажа лансирањето на ракетата-носач со вредност од стотина милиони американски долари зашто работничката во магацинот не беше на своето работно место.

Руската космичка агенција „Роскосмос“ во јануари го шокираше светот на космичката технологија кога ги повлече сите мотори за својата ракета-носач „Протон“. Моторите беа во втората и во третата фаза на производство во рамките на проектот на „Роскосмос“ кој трае речиси три години, но се вратени во Воронежката механичка фабрика поради неверојатен недостаток: за време на тестирањата моторите почнале да се топат. 

Ваквиот вид грешка ја донесе во прашање сигурноста не само на најефикасните руски ракети-носачи, ами и на целата национална космичка програма. „Русија во 2017 година затоа започна со практично цела ракетна флота на земјата“, истакнуваа стручњаците. 

Она што уште повеќе збунува е дека официјалните документи укажуваа дека моторите се сосема исправни. Всушност, надзорниот службеник не го забележал недостатокот, дури ни за време на финалната проверка на квалитетот. 

Лансирањето што беше планирано за февруари беше одложено речиси шест месеци. За тоа време директорот на Воронежката механичка фабрика си даде отказ, а на меѓународните партнери им беше исплатена компензација зашто ракетата не беше успешно доставена во орбитата заедно со комерцијалниот товар. Федералната служба за безбедност (ФСБ) веднаш започна истрага, како и обвинителството и Истражниот комитет на Русија (СКР). 

Податоците за неисправноста на сите мотори укажуваа дека проблемот започнал со работничката во магацинот. Директорот на „Роскосмос“ Игор Комаров реагираше на ова откритие: „Една работничка на магацинот била сериозно повредена. Таa била во болница долго време и за тој период не бил остварен основниот континуитет во работата на магацинот“. 

Работник на Воронежката механичка фабрика.

На прашањето „како е можно целината на стратешки важен проект на ракетни мотори, кој вреди милијарди рубли, да зависи од една работничка на магацин“ Комаров одговори: „Секако дека не зависи, но кога се обидовме да дознаеме што се случило, откривме дека една од причините била во погрешниот инвентар на материјалите“. 

На крајот, моторите беа составени по пат на заварување, а не по пат на залемување. Беше неопходно користење легури кои поднесуваат високи температури, а производителот користел легура која не е предвидена за конструкција на моторот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња