
Советскиот споменик „Рибар“ ги пречекува посетителите на Бајконур кои слетале на аеродромот Крајни во близина на космодромот.
ZUMA Press/Global Look Press
Русија годишно му плаќа на Казахстан 115 милиони долари за користење на космодромот. Договорот важи до 2050 година.
Роман Соколов / РИА Новости
Номадите ја сметале за света територијата на која е изграден космодромот. Ја нарекувале Папокот на Земјата.
AP
На тоа подрачје се откриени остатоци на древна цивилизација. Првиот човек на советската космонаутика Сергеј Королев рече дека тоа е добар знак.
Getty Images
Космодромот е основан на 2 јуни 1955 година како полигон за тестирање на првите интерконтинентални балистички ракети Р-7.
ZUMA Press/Global Look Press
Спутник 1, првиот вештачки сателит на Земјата е лансиран од Бајконур на 4 октомври 1957 година.
Ројтерс
Јуриј Гагарин од Бајконур го изведе првиот лет на човекот во вселената на 12 април 1961 година.
AP
Валентина Терешкова, првата жена-космонаут исто така полета од Бајконур на 16 јуни 1963 година.
Ројтерс
Од космодромот за помалку од половина век се лансирани преку 1500 вселенски летала и преку 100 интерконтитентални балистички ракети.
Ројтерс
Москва планира да го замени Бајконур со космодромот Восточни кој се гради на рускиот Далечен Исток.
APПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче