Шеста генерација од небото до космосот

Карикатура: Дмитриј Дивин

Карикатура: Дмитриј Дивин

Русија го означи почетокот на работата за изработка на ловечки авион од шестата генерација. Познати се општите критериуми што авионот треба да ги исполни: трупот на авионот да биде од композитни материјали, да има голема брзина, нови средства на РЕБ, авионика и погонска група. Но, во врска со борбените задачи што ќе ги извршува за новата машина засега постојат повеќе прашања одошто одговори.

Андреј Григорјев, генерален директор на Фондот за перспективни истражувања, минатата недела на форумот „Отворени иновации“ на новинарите им изјави дека „руските научници веќе започнале со изработка на ловец од шестата генерација“ и дека “новиот модел ќе биде произведен од композитни материјали“. 

„Нашата задача се состои во тоа да направиме почетна основа за создавање ловец од шестата генерација. Ваквите проекти сега исто така се анализираат. Тие пред сè се однесуваат на материјалите и на моторите“, додаде Григорјев. 

Нов облик на „шестката“ 

За ловецот од шестата генерација повеќепати зборувале многу стручњаци кои имаат врска со индустријата за изградба на авиони или со РВ на Русија. Ова може да се види во изјавите на претседателот на Обединетата корпорација за производство на авиони (ОАК) Михаил Погосјан, во репликите на шефот на дирекцијата за програми на воената авијација Владимир Михајлов, поранешниот командант на РВ Пјотр Дејнекин, заслужените пробни пилоти на СССР Сергеј Богдан и Анатолиј Квочур. Доколку се сумираат сите нивни изјави, може да се заклучи дека работите на ваков проект се одвиваат, но дека сè уште не е изграден единствен став за тоа каков треба да биде овој авион и за какви задачи треба да биде наменет.

Најновите руски летачки бродови
„Руска реч на македонски“ ви ги претставува трите новитети во хидроавијацијата на Русија.

Познати се глобалните ставови во врска со проектот. Трупот на авионот ќе биде од посебно цврст и лесен композитен материјал. Ловецот не само што треба да биде суперсоничен, туку, во определени етапи на летот,, треба да биде хиперсоничен, и тоа над 6-7 Ма. Ретко кој метал може да го издржи загревањето на трупот на авионот при таква брзина. Значи, потребно е да се направи нов композит, кој ќе ги исполнува овие критериуми. 

На „шестката“ ќе ѝ биде потребен нов силен мотор кој ќе може да работи во атмосферата, но и во безвоздушен простор. Не е исклучено дека една од новите задачи за новиот апарат ќе биде излегување во отворениот космос и лет по орбитата. 

Ќе биде потребен и нов антенски систем, радиоелектронски систем кој ќе може ефикасно и стабилно да работи во сите режими на летање и во сите средини, константно да одржува врска со командните пунктови на земјата и во воздухот, со космичките апарати. Исто така потребен е и авионски систем за радиоелектронска борба, наменет како за прекинување на системот на врски и за насочување на потенцијалниот противник, така из а неутрализирање на ракети „воздух-воздух“ или „земја-воздух“. 

Доколку е сè јасно со „зајрето“ и со материјалот за трупот на авионот, тогаш принципиелно е прашањето каков треба да биде авионот од шестата генерација – со или без пилот. Во корист на беспилотниот модел зборуваат и околностите како што е отсуство на ризикот по животот на пилотот, чија обука чини огромна сума пара и изискува многу време. На беспилотното летало не му е потребен систем за одржување во живот, должината на неговиот престој во воздухот нема никаква врска со физичката предиспонираност на пилотот. Но, без разлика на тоа каков високоинтелектуален електронско-компјутерски систем поседува, со беспилотниот робот се управува од земјата, со командите на операторот. А, командите од една или од друга причина можат да не стасаат или да доцнат. И веќе овој фактор оди во корист на ловец со кој би управувал воен пилот. 

Против кого војуваме? 

Јак-130: летачки Ајфон
Во следниве две-три години Москва сака да му го претстави на светскиот пазар најновиот школски авион Јак-130.

Ниту со борбените задачи очигледно не е сè јасно. Со кого ќе војуваат ловците од шестата генерација? Само три-четири земи во овој момент можат да направат ловечки авиони од петтата генерација. Тоа се САД, кои веќе ги имаат F-22 и F-35, еден од нив дури и учествуваше во бомбардирањето на терористите од Исламска држава во Сирија. Тоа е Кина која на Интернет објави фотографии од својот авион од петтата генерација. И на крајот Индија, која ваков авион прави заедно со руската компанија „Сухој“. Не е лесно да се замисли дека некои од овие држави кои, патем речено, покрај ловечката авијација имаат и ракетно-нуклеарно оружје, ќе војуваат една против друга. Премногу е голем ризикот како одговор на агресија да се довие ракетно-нуклеарен удар. 

Тогаш, против кого ќе се преминат ловечките авиони од петтата, а потоа и од шестата генерација? Сè уште не постојат недвосмислени одговори. Работата на „ловечкиот авион од иднината“ засега се наоѓа во проектна фаза, неговите конструктори, како и припадниците на војската (нарачателите) треба да дојдат од единствен заеднички став во врска со изгледот на идната борбена машина, со нејзините задачи и цели кои во перспектива ќе ги поседуваат, и ќе бидат управувани од нивните пилоти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња