Медиум: Русија според податоците за извоз на жито ја претекна Америка

Русија ги потисна САД од лидерската позиција на извозник на жито, пишува агенцијата „Блумберг“.

Русија сезонава веќе доби огромен број договори за испорака на пченица на Египет кој годишно купува големи количини од ова жито за производство на евтин леб, пишува агенцијата „Блумберг“.

Таквиот успех беше можно да се оствари благодарение на поволните временски услови и значителните инвестиции во оваа сфера, нагласува „Блумберг“. Како пример, квалитетот на житото во Франција драстично опадна поради поплавите во таа земја.

Според извештајот на Министерството за земјоделство на САД објавен во јули оваа година, извозот на пченица од Русија во актуелната земјоделска година, односно за периодот од јули 2016 до јуни 2017 година нема да изнесува 25 туку 25,5 милиони тони. Промената на прогнозата се објаснува со рекордниот род.

Взгљад“, кој ја пренесува оваа информација потсетува дека според податоците од извештајот на Министерството за земјоделство на САД од 10 јуни оваа година Русија е прогласена за светски лидер во извоз на пченица првпат во современата историја.

Рускиот извоз на пченица е проценет според тој извештај на 24,5 милиони тони, на Канада на 22,5 милиони тони, а на САД на 21,09 милиони тони. Според податоците на руското Министерство за земјоделство вкупниот извоз на пченица во периодот од 1 јули 2015 до 8 јуни 2016 пораснал за 12,3% на 33,04 милиони тони.

Статистичките податоци на Министерството за земјоделство на РФ велат дека минатата година се ожнеани 104,8 милиони тони житарки (нето) вклучувајќи 61,8 тони пченица, додека прогнозата за оваа година изнесува меѓу 106 и 110 милиони тони. Во 2015-2016 земјоделска година (од јули 2015 до јуни 2016) Русија има извезено рекордни 33,893 милиони тони жито, вклучувајќи 24,604 милиони тони пченица. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња