Поопасно од Чернобил: Руското езеро Карачај

Legion Media
Езерото Карачај е најзагаденото место на Земјата. Сега е забранет приодот на ова езеро. Порано тоа било полигон за складирање нуклеарен отпад, а дали е безбедно денес?

Историјат

За жал, езерото Карачај не е баш идеално место за одмор и за сончање. Во деведесеттите години од минатиот век било доволно да се помине само еден час на неговиот брег за човек да добие смртоносна доза рендгенски зрачења. 

Езерото се наоѓа во Чељабинската област во Јужен Урал и познато е од 18 век. Се појавувало и исчезнувало во зависност од нивото на водата.

Од 1951 година индустриското претпријатие „Мајак“ кое се наоѓа недалеку, е еден од најголемите нуклеарни објекти во СССР, а својот радиоактивен отпад го складирало во Карачај, а езерото добило назив резервоар за вода В-9. 

Опасност 

Во текот на многу години радиоактивниот отпад доаѓал во езерските води. Езерото има површина од околу два квадратни километри. Се претпоставува дека талогот на дното е составен од радиоактивен отпад со мошне висока радијација и дека тој слој е дебел околу 3 метри.

Во шеесеттите години од минатиот век некои делови од езерото пресушиле така што цезиумот-137 и стронциумот-90 биле изложени на сонце. Потоа, во 1967 година на ова подрачје дувал силен ветар кој кренал опасен прав и се проширил на територија од околу 2.700 квадратни метри, изложувајќи на опасност илјадници човечки животи.

Тогаш властите биле принудени да преземат нешто и на крајот била донесено одлука Карачај да се запечати со „саркофаг“, односно со големи бетонски блокови. 

Овој процес траел над 40 години и конечно беше завршен на 26 ноември 2015 година.

Поопасен од Чернобил! 

Во текот на многу години во езерото се насобрало толку многу опасен талог, што неговата вода има ниво на загадување од 120 милиони Кири, што е двојно повеќе од радијацијата ослободена за време на хаваријата на Чернобилската нуклеарна електрана во 1986 година. 

Дали езерото е безбедно сега? 

Езерото стотици, а можеби и илјадници години ќе биде складиште на нуклеарен отпад. Научниците велат дека е побезбедно да се остави тој отпад во Карачај, одошто да се префрли на друго место.

За радиолозите тука секако има многу работа. Според Јуриј Мокров, советник на генералниот директор на компанијата „Мајак“, Русија има доволно искуство кога станува збор за одржување на мошне опасни територии како што е резервоарот на вода В-9. Поради тоа Карачај со години и сестрано ќе се контролира. 

Традиционалните методи подразбираат мониторинг на дозите на гама-зрачење, неговиот интензитет во воздухот и густината на радионуклеиди во близина на езерото.

Поради тоа големо внимание се посветува на геодетскиот мониторинг на промената на теренот во различни сезони. 

Во езерото ќе бидат додадени нови тврди слоеви сепарат и земја. Подоцна оваа територија ќе биде прекриена со трева и со грмушки. Дрвја не се дозволени зашто нивните корени можат да ги оштетат бетонските блокови. 

И покрај тоа што мониторингот ќе се врши со години, експертите сметаат дека ова место е безбедно и велат дека ниту торнадо не може да го оштети.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња