Ќерка на еден од загинатите морнари на подморницата „Курск“.
РојтерсНа 12 август 2000 година како резултат на инцидент во текот на масовната руска воена вежба во Баренцовото море потона нуклеарната ракетна подморница К-141 „Курск“ (класа „Оскар II“) на 108 метри длабочина.
Изградбата на подморницата почна во 1992 година во рускиот град Северодвинск и првпат беше спуштена во вода во 1994 година. К-141 вплови во Средоземното море летото 1999 година за да ја следи американската флота за време на војната на Косово.
На 12 август наредната година во водите на Баренцовото море се одржува првата голема руска воено-поморска вежба. „Курск“ товари 24 нуклеарни ракети СС-Н-19/П-700 („Гранит“) и 24 торпеда. Задачата на морнарите е да ги лансираат сите врз замислени бојни бродови.
На 175 км од Североморск подводницата потонува на 108 метри во морето како резултат на експлозија и пожар во одделот за торпеда. Тоа води до експлозија на високоефективен и детонација на 5 до 7 торпедни боеви глави. Во инцидентот гинат сите 118 членови на екипажот, вклучувајќи го и капетанот Леонид Лиачин.
На 22 август претседателот на Русија Владимир Путин издаде указ со кој се прогласува 23 август за ден на жалост.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче