Путин: операцијата во Сирија го покажа квалитетот на руското оружје

Валериј Шарифулин / ТАСС
Според претседателот на Русија од почетокот на операцијата во Сирија авијацијата на воено-космичките сили извршила над 10.000 напади, уништени се над 30.000 цели, вклучувајќи 200 објекти за производство на нафта и нафтени суровини.

Во текот на воената операција во Сирија нагледно беа демонстрирани ефикасноста и квалитетот на руското оружје. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанок со командантите и раководителите на одбранбено-индустрискиот комплекс на Русија.

„Од почетокот на операцијата врз објектите на меѓународните терористи на територијата на Сириската Арапска Република од страна на авијацијата на воено-космичките сили (SCC) се извршени над 10.000 летови, по териториите се нанесени голем број напади, уништени се над 30.000 цели, вклучувајќи околу 200 локации за експлоатација и преработка на нафта и нафтени суровини“, изјави Путин.

Тој исто така, истакна дека „коренска промена во борбата против борците беше постигната благодарение на тимската работа на ВКС“. „Авионите од далечното воздухопловство извршија над 178 напади; ударите од воздух и од море по инфраструктура на терористичките организации „Исламска држава“ (ИД) и „Џебхат ан Нусра“ (кои се забранети во Русија) беа прецизни и моќни, ефикасни - истакна претседателот. - Токму тоа овозможи да биде постигната радикална промена во борбата против борците“.

Путин изјави дека во текот на операцијата се лансирани 115 крилати ракети со воздушно и морско базирање од бродови, подморници, како и од авиони на стратешката авијација и стратешки ракетни носачи.

За политичкото решавање на конфликтот

Ситуацијата во Сирија е сложена, но треба да се создадат услови за политичкото решавање на конфликтот, истакна претседателот на Русија. „Ние разбираме дека ситуацијата таму е сложена и дека пред сириската армија претстои уште многу работа, но најважно е да се создадат услови за политичко решавање во самата земјата“, рече Путин.

Претседателот изрази надеж дека механизмот за решавањето, изработен во соработка со партнерите на Русија, вклучувајќи ја и американската страна, ќе доведат до конструктивни и кардинални промени во Сирија.

Рускиот лидер ја истакна и улогата на сириската армија во борбата со терористите во земјата. Општо земено, според Путин, со поддршка на руските ВКС сириските војници ослободија од терористи над 500 населени места, вклучувајќи го и „бисерот на светската култура и цивилизација – Палмира“.

Истовремено, според рускиот претседател, треба да се обрне внимание и на фактот дека воената операција во Сирија покажала и извесни проблеми и недостатоци. „За секое проблематично прашање треба да биде спроведена темелна истрага. Мислам на професионална истрага, максимално прецизна анализа, а потоа да се преземат мерки за отстранување на овие проблеми“, изјави Путин.

Тој додаде дека ваквите мерки ќе овозможат да се определи идната насока на развој и усовршување на примероците на воената техника.

За проблемите околу сириската операција

Операцијата во Сирија извади на виделина проблеми - сите тие треба да бидат анализирани внимателно и да бидат отстранети во иднина, соопшти Путин.

„Операцијата во Сирија откри и одредени проблеми, недостатоци - истакна претседателот. - За секој треба да биде спроведено темелна истрага, мислам на професионална истрага, максимално прецизна анализа“.

Путин истакна дека потоа треба да се преземат мерки за отстранување на утврдените проблеми. „Ова ќе овозможи да се определи идната насока на развојот и да усовршување на примероците на воената техника“, заклучи тој.

Целиот текст на руски јазик на сајтот на ТАСС

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња