Годишно обраќање на Путин: либерално, но не радикално

Претседателот на Русија Владимир Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин

EPA
Претседателот на РФ Владимир Путин се говореше на традиционалното годишно обраќање во Федералното собрание. Експертите што ги консултираше „Руска реч на македонски“ го оценија говорот на претседателот како доста либерален, но без пробивни идеи.

На фонот на воената операција во Сирија, терористичките напади во Париз и на рускиот авион А-321, а исто така и на инцидентот со соборениот Су-24 над Сирија од страна на Турција, во традиционалното обраќање на претседателот Владимир Путин пред Федералното собрание на 3 декември се очекуваше посветување особено внимание на меѓународната безбедност.

Во голем дел очекувањата беа оправдани: зборувајќи за турските дејствија, претседателот вети дека нема да се заборави „оваа помош на тероризмот“ и забележа дека во Анкара „повеќе пати ќе зажалат за стореното“.

Освен тоа, немаше воинствена реторика, а внатрешно-политичката агенда беше речиси либерална. Таа не може да се нарече ниту „пробивна“, ниту „ударна“.

Работата не ќе се заврши со доматите

„Зборовите 'работата не ќе заврши со доматите' (Путин мислеше на неодамна донесената забрана за увоз на зеленчук и овошје од Турција во Русија – заб. ред.) се всушност клучните зборови во неговото обраќање“, смета претседателот на Институтот за национална стратегија Михаил Ремизов.

Според него, тоа значи дека Москва има намера да даде максимално сериозен одговор и да донесе брзи мерки во однос на Турција. Претходните изјави на Путин денес добија жесток аранжман, смета експертот.

Доколку се исклучи испадот насочен кон Анкара, останатите надворешнополитички тези на претседателот не беа агресивни. „Имаше изјава за стремеж кон широка коалиција во борбата против тероризмот, пред сè со западните држави. Згора на тоа, во текот на целиот текст имаше неколку декларации за тоа дека Русија се стреми кон соработка, кон учество на глобалните пазари, кон економски и меѓународни обединувања“, забележува политикологот и доцент на Институтот за општествени науки при Руската академија за народно стопанство и државна администрација Екатерина Шуљман, нарекувајќи ја интонацијата на претседателот доволно помирлива во моменталната ситуација.

Тоа дека во зборовите за надворешната политика немаше дури ни насетување на антизападна реторика го забележува и директорот на Меѓународниот институт за политичка експертиза Евгениј Минченко: сите „критички стрели“ беа упатени на адреса на терористите во Турција.

Земја на можности

Внатрешно-политичкиот и економскиот дел од своето излагање Владимир Путин го адресираше на различни групи граѓани, но тој звучеше позитивно.

„Главното што тој го каже е тоа дека Русија е земја на можности, дека можете слободно да работите на цела низа насоки, ние нема да поставуваме пречки“, ги интерпретира зборовите на Путин Дмитриј Орлов, генерален директор на Агенцијата за политички и економски комуникации, блиска до Кремљ.

Се слушнаа и антикорупциски изјави, особено за префрлувањето на сметките, кои се однесуваат на буџетските средства, во федералната каса, со цел поголема транспарентност на расходувањето на буџетот.

Путин зборуваше и за воведувањето на јасен критериум за ефикасноста на замената на увозот, кој е лесен за пресметка – делот на високотехнолошкиот несуровински извоз. „Претседателот традиционално ги демонстрира своите можности да реагира на предизвиците небанално“, резимира Орлов.

Сепак Михаил Ремизов не гледа никакви пробивни економски идеи во излагањето на Путин. Според него, станувало збор за козметички мерки, со кои не може да се обнови економскиот пораст, иако заслужуваат поддршка.

На крајот, блокот кој се однесува на внатрешната политика стана либерален, колку што е тоа можно во денешните услови, забележува Шуљман. „Сепак сите изјави за намалување на притисокот на контролните органи на бизнисот и за развој на високотехнолошкиот извоз завршуваа со фразата за тоа дека треба да се зголемат компетенциите на контролните органи, за создавање на владини структури и за тоа дека уште некому ќе му се дадат буџетски средства“, вели Шуљман.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.