Владимир Путин од папата Франциско доби подарок со ангелот-миротворец.

Извор: ТАСС

Извор: ТАСС

Владимир Путин од папата Франциско доби подарок со ангелот-миротворец.

Од Милано Владимир Путин замина во Ватикан по покана на понтифексот. Ова е нивен втор разговор: претходниот пат тие се сретнаа во ноември 2013 година. 

Во резиденцијата на папата рускиот лидер се задржа повеќе од еден час (минатиот пат тој беше кај него 35 минути). Средбата се одржа зад затворени врати во личната библиотека на папата Франциско. 

Посетата се одржа малку подоцна одошто беше испланирано. Преговорите во Милано се одолговлекоа, им објасни на новинарите порт-паролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков Постоеше и друга причина, која беше поврзана со тоа што „делегациската колона се движеше бавно по илиците на Милано и на Рим“. „Во текот, да кажеме, на целото патување за задоцнувањето беше информиран Ватиканскиот двор“, додаде претставникот на Кремљ. 

„Разговорот беше содржаен и длабок“, објаснува Песков. „Секако, се спомена и кризата во Украина, се зборуваше за општочовечките хуманистички вредности кои во голема мера ги обединуваат католичкиот и православниот свет, но и сите религии“, додаде тој. 

Путин во Италија: темата за санкциите во прв план
Претседателот на Русија Владимир Путин беше во еднодневна посета на Италија. Според експертите, основната задача на патувањето на рускиот лидер во Италија е отпор кон режимот на санкции, воведени од страна на Западот кон Русија

„Од двете страни беше искажана загриженост во врска со состојбата на христијаните на Блискиот исток, - вели порт-паролот на претседателот. – Во прв ред, ова се однесува на христијаните во Сирија каде не стивнува конфликтот“. 

Минатиот пат рускиот претседател на папата ми подари икона на Владимирската Богородица и доби од него мајолика со приказ на градините на Ватикан. Сега тие исто така разменија подароци. 

Владимир Путин на својот домаќин му подари пано (златно шиено) на кое е претставен храмот на Христос Спасителот. Исто така, тој подари и неколку тома од Православната енциклопедија. 

„Овој медал, кој беше создаден од уметник од минатиот век, прикажува ангел кој носи и мир, и праведност, и солидарност, и заштитува. Исто така текстот, во кој се наоѓаат размислувања за тоа дека Евангелието ни носи светлина во животот, и радост, во него постојат геополитички размислувања и за нас, и за нашиот живот“, рече папата Франциско, претставувајќи ги своите подароци на делегацијата од Москва. Подароци добија и новинарите – бројаници од протоколот на Ватикан. 

По средбата папата го испрати претседателот на Русија до излезот од библиотеката и го замоли да му пренесе најдобри желби на патријархот Кирил. 

Своите впечатоци за разговорот Владимир Путин му ги пренесе и на претседателот на Италија Серџо Матарела во Квирналскиот дворец. Денот беше „мошне интересен и содржаен... Добро поработевме со премиерот, добра беше и средбата со папата“, рече тој. 

„Претседателот е мошне задоволен од средбата со папата. Тој го смета него за мошне длабок и содржаен човек... Разговорот беше мошне добронамерен“, им изјави на новинарите Песков. 

Русија и Ватикан ефикасно соработуваат во многубројни организации: ООН, Советот на Европа, ОБСЕ, тие имаат слични позиции за меѓународните прашања. 

Така, во септември 2013 година папата му испрати на претседателот на Русија, кој претседателствуваше на самитот на „дваесетката“, послание со молба „да не дозволи крвави судири во Сирија“. „Им се обраќам на сите со повик да се надминат несогласувањата и да се откажат од какво било решение со употреба на сила“, се велеше во писмото. Истата позиција ја поддржуваше и Москва. 

Сега Кремљ негодуваше на изјавите на амбасадорот на САД во Ватикан, кој му укажуваше на папата како се однесува Русија. „Ова е, од наша гледна точка, ново слово во светската дипломатска практика. Да се учи папата и да се претендира на тоа да се има право да му се држи лекција на папата – тоа е одговорна работа“, изјави Песков. „Доколку зборуваме сериозно, ова е обид да се потисне суверенитетот на другите земји“, забележа тој. „На поинаков начин ова не може да се карактеризира. Ова е нешто со кое секогаш категорички не се согласуваше и не се согласува претседателот Путин, и тоа е нешто што, од наша гледна точка, не може да се дозволи во меѓународните односи“, заклучи порт-паролот на шефот на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња