Москва за испраќањето на мировни сили во Донбас

Претходно украинскиот претседател Порошенко изјавуваше дека во составот на овој мировен контингент не можат да бидат претставници на Русија. На фотографијата: руски миротворец во Приднестровје, на пунктот на реката Днестар. Извор: ТАСС.

Претходно украинскиот претседател Порошенко изјавуваше дека во составот на овој мировен контингент не можат да бидат претставници на Русија. На фотографијата: руски миротворец во Приднестровје, на пунктот на реката Днестар. Извор: ТАСС.

Киев се обидува да го „протурка“ својот предлог за испраќање мировни сили во зоната на конфликт во Донбас. Овој предлог прв го изнесе претседателот на Украина Петро Порошенко на 19 февруари. Руските власти оваа украинска иницијатива ја „дочекаа на нож“, а експертите сметаат дека постои шанса за нејзина реализација.

Украинскиот претставник при ОН Јуриј Сергеев изјави дека во секретаријатот на оваа организација започнал консултации за испраќање мировен контингент во Украина. Неопходноста за ангажирање на мировните сили, како што јавува радиостаницата „Гласот на Америка“, Сергеев ја објаснува со тоа што треба да се „спасува минскиот процес“ од Русија и од проруските доброволци кои, наводно, не ја исполнуваат минската спогодба.

Ќе се засили контролата врз исполнувањето на минската спогодба
Првите луѓе на надворешните работи на „нормандиската четворка“ (Русија, Германија, Франција и Украина) за време на средбата во Париз повикаа да се продолжи мандатот и да се засилат капацитетите на мисијата на ОБСЕ, организација која претставува основен инструмент за контрола на исполнувањето на минската спогодба за прекинување на огнот на истокот од Украина.

„Неумесен предлог“

Коментирајќи го новиот украински предлог, претставниците на Русија и самите апелираат да се почитува минската спогодба, но тоа го прават на сосема поинаков начин. Имено, Москва истакнува дека идејата за ангажирање миротворци е во спротивност со минската спогодба. Според претседателот на Државната дума Сергеј Наришкин, тоа е поврзано со фактот што миротворците воопшто не се спомнуваат во текстот на спогодбата. Претседателот на Комитетот на советот на федерацијата на меѓународни прашања Константин Косачов го карактеризираше предлогот на Киев како неумесен, зашто ја подрива минската спогодба.

Како што истакнуваат медиумите предлогот на Киев претставува остар пресврт во политиката на Украина. Пред само две недели Порошенко во своето излагање на конференцијата во Минск ја отфрли идејата за ангажирање миротворци на ОН, изјавувајќи дека усогласувањето на ова прашање би траело премногу долго и дека за тоа време „агресорот би го уништил украинскиот народ“.

Анатолиј Исаенко, член на Советот на ветерани при Музејот за мировни операции, за „Руска реч на македонски“ изјави дека дефинирањето на мандатот на мисијата навистина може да потрае неколку месеци, но може да биде завршено и за неколку дена, и сека самата мисија може да биде распоредена во рок од 2-3 дена. Вакви случаи постоеле во историјата на ОН, вели Исаенко.

Пакистански миротворци?

Исаенко своевремено и самиот учествувал во воена набљудувачка мисија на ОН. Тој нагласува дека за испраќање мировна мисија неопходна е согласност од двете спротивставени страни и дека тоа е нејзин главен предуслов. Но,. Засега за тоа не постои консензус.

Освен тоа, и составот на мисијата треба да одговара и на едната и на другата страна. Претходно и Порошенко изјавуваше дека во составот на овој мировен контингент не можат да бидат претставници на Русија. Од друга страна, пак, за проруските доброволци се исто така неприфатливи вооружени сили од ЕУ и од НАТО. Како што истакнува главниот уредник на списанието „Национална одбрана“ Игор Коротченко, како евентуални кандидати за улогата на мировници се споменуваат воени лица од Белорусија и од Казахстан, со оглед на тоа дека ваквата варијанта би им одговарала и на двете страни, но тие немаат искуство кога станува збор за вакви операции. Експертите сметаат дека мировниот контингент би можел да биде составен од војници од други земји, како што е на пример Пакистан.

Западот му се потсмева на рускиот конвој, а свој не испраќа
Најпрво тоа беше „воен конвој“, итар трик на Путин кој на Кремљ треба да му обезбеди повод за испраќање руски трупи во Украина. Сега е тоа „Потемкинов конвој“, односно колона камиони тешки по неколку тони во кои за сиромашните се носат по две-три кутии хуманитарна помош.

Прашањето за границата

Експертите истакнуваат дека форматот на мировната мисија што го предлага Киев не може да им одговара на проруските доброволци, зашто тој подразбира не само раздвојување на спротивставените страни, туку и затворање на границите помеѓу Донбас и Русија. Ова не можат да го прифатат ниту доброволците, ниту Русија. Според мислењето на определени експерти, Украина го има изнесено овој предлог пред сè со цел побунетите региони да се отсечат од Русија, зашто Киев секако нема намера да ја исполни минската спогодба, со оглед дека во согласност со неа украинските граничари можат постепено да воспостават контрола над споменатиот дел од границата дури откако украинските власти ќе ги спроведат уставните реформи и ќе го усвојат законот за посебен статус на побунетите региони.

Од друга страна, како што истакнува Андреј Суздаљцев, продекан на Факултетот за светска економија и политика при Националниот истражувачки универзитет Виша школа за економија, на Киев не му одговара формат на мисија која би била поставена само помеѓу украинската војска и проруските доброволци, зашто тоа би значело замрзнување на конфликтот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња