Путин вети отпор на надворешниот притисок

Извор: Михаил Метцељ / ТАСС

Извор: Михаил Метцељ / ТАСС

Претседателот на РФ Владимир Путин на 4 декември го имаше своето годишно обраќање до Федералното собрание. Тој зборуваше за кризата во односите со Западот, за економската политика во услови на санкции, за тоа како Москва гледа на причините за конфликтот во Украина. „Руска реч на македонски“ на своите читатели им ги претставува главните тези од обраќањето на лидерот.

За Крим 

Имено во Крим, во древниот Херсонес, бил покрстен кнезот Владимир, кој потоа извршил и покрстување на Русија, па затоа се смета дека тука се наоѓа „духовниот извор на формирањето на многуликовата, но монолитна руска нација и на руската држава“. 

„За Русија Крим, древен Корсуњ, Херсонес, Севастопољ имаат огромна цивилизациско и сакрално значење, исто како што е Ридот на храмовите во Ерусалим за они што ги исповедаат исламот и јудаизмот. И имено на тој начин ќе се однесуваме кон него отсега и засекогаш“, рече шефот на државата. 

За Украина и за позициите на Западот 

„Сега не ни е потребно политиканство, не треба да даваме празни големи ветувања, туку да ѝ дадеме помош на економијата на Украина, се разбира, со реформи“, рече Путин.

Москва нема намера да му се потчинува на притисокот на Западот во ситуацијата со Украина, изјави претседателот. Тој забележа дека „ние имаме право да прашаме зошто се случи целата оваа трагедија во Украина? Не можеше ли да се испеглаат прашањата, дури и оние спорните со дијалог во рамките на правното поле и на легитимните процеси?“ 

„Сепак, нас сега со сите силни се обидуваат да нè убедат во тоа дека тоа е културна, урамнотежена политика, на која ние треба слепо и без размислување да ѝ се потчинуваме. Тоа нема да се случи“, рече Путин на годишното обраќање кон Федералното собрание на РФ. 

За односите со САД 

САД секогаш директно или од зад кулисите влијаат на односите на Русија со соседите, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.  

Русија ќе остане отворена за целиот свет, за соработка, за привлекување странски инвестиции, за реализација на заеднички проекти. 

Владимир Путин

Претседател на Русија

„Неслучајно ги споменав нашите американски пријатели, со оглед на тоа дека тие директно или од зад кулиси секогаш влијаат на нашите односи со соседите, така што понекогаш човек не знае со кого да разговара: со владите на некои држави или директно со нивните американски покровители“, рече претседателот.

Рускиот лидер одново напомена на системот на двојни стандарди, кога за меѓународното право се зборува само кога тоа ним им одговара. 

„Сфаќајќи ја улогата и значењето на меѓународното право за кое ние толку многу зборуваме, (неопходно е) не треба да го употребуваме за нечии конјунктурни интереси спротивно на основните принципи и на здравата смисла, сметајќи ги сите околу за необразовани луѓе, кои не знаат да читаат и да пишуваат“, забележа Путин.

За воздржувањето во однос на Русија

Споменувајќи ја темата за санкциите, Путин рече дека политиката на воздржување во односите со Русија не е поврзана со настаниве во Украина и дека таа е присутна многу години. 

„Ние добро паметиме кој и како во тој период, практично отворено, го поддржуваше кај нас сепаратизмот, па дури и директниот терор, нарекувајќи ги убијците, чии раце беа до лакти со крв, востаници, примајќи ги на високо ниво“.

„Без оглед на нашата невидена отвореност, без оглед на тоа што ние нашите довчерашни противници ги сметавме за блиски пријатели и речиси сојузници, поддршката на сепаратизмот од странство и информациската,  и политичка, и финансиска, и по линија на специјалните служби беше апсолутно очевидна“, рече Путин. 

„И нема сомнеж дека нас со задоволство ќе нè впуштеа во југословенското сценарио на распад и расчленување со сите трагични последици што произлегуваат оттука... Не успеа. Ние не дозволивме“, додаде претседателот. 

Трка за вооружување 

„Продолжува настојчивата работа за создавање на глобалниот систем ПРО САД, меѓу другото и во Европа. Ова не само што претставува закана за безбедноста на Русија, туку и за целиот свет, токму поради можното нарушување на тој стратешки баланс... Сега нема да одам во детали, ќе кажам само едно... немаме намера да влегуваме во скапата трка за вооружување, но притоа сигурно и гарантирано ќе обезбедиме одбранбена способност на нашата (земја) во секакви услови“, рече Путин. 

За санкциите 

Зошто во Русија се засилија патриотските чувства
Во Русија сè повеќе граѓани се чувствуваат горди со својата земја, покажа последната општествена анкета. Ова се случува по воведувањето санкции од страна на други земји, по присоединувањето на Крим и нестабилната економска ситуација. Експертите објаснуваат со што имено се гордеат Русите и како патриотизмот се разликува од љубовта кон татковината.

„Ние самите никогаш нема да тргнеме по патот на самоизолација, ксенофобија, сомнежи, потрага по непријатели. Сето тоа претставува пројавување слабост, а ние сме сили и уверени во себе. Нашата цел е да најдеме колку што е можно повеќе рамноправни партнери како на Запад, така и на Исток“, рече Путин. 

„Русија ќе остане отворена за целиот свет, за соработка, за привлекување странски инвестиции, за реализација на заеднички проекти“, рече Путин.

„Ние гледаме колку брзо во последниве децении напредува азиско-тихоокеанскиот регион. Русија, како тихоокеанска држава, на секој начин ќе го користи овој огромен потенцијал“, рече рускиот претседател. 

Претседателот исто така забележа дека Русија во ниту еден случај нема намера да им стави крај на своите односи со Европа и со САД. „Притоа ќе ги обновуваме и ќе ги прошируваме традиционалните врски со југот од американскиот континент, ќе ја продолжиме соработката со Африка, со земјите од Блискиот Исток“, додаде претседателот. 

За економската либерализација 

Путин предложи да се зафиксира и да не се менува четири години моменталниот даночен систем, за бизнисмените да не се грижат поради непријатни изненадувања од државата. 

Претседателот исто така вети спроведување целосна амнестија за офшор-капиталот под услов тој да биде вратен во Русија. 

Шефот на државата посебно се задржа на борбата со бирократијата и обелодени дека наскоро во Русија ќе започне да се применуваат мери, со цел да не се допушти прекумерна контрола врз работата на бизнисот. „Владата во 2015 година треба да ги донесе сите потребни одлуки за премин кон ваквиот систем“, рече претседателот. 

Водечките руски банки треба да добиваат капитал од Фондот за национална благосостојба за кредитирање инвестициски проекти во реалниот сектор на економијата. „За сметка на нашите резерви, пред сè на Фондот за национална благосостојба, предлагам да се реализира програмата за докапитализација на водечките домашни банки. Притоа ним парите ќе им се даваат врз основа на принципиелни услови, за да ги насочат кон кредитирање на најзначајните проекти во реалниот сектор на економијата по достапни камати“, рече Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња