Медиум: Русија ја претвора рубљата во „суперпрофитабилна валута“

Експертите им советуваат на инвеститорите да не се откажуваат од активите во рубљи, и покрај тоа што руската национална валута почна да слабее, пишува агенцијата „Блумберг“.

Во последно време токму активите во рубљи им обезбедуваат на инвеститорите максимална профитабилност, и покрај последното слабеење на рубљата поради падот на цените на нафтата и очекувањето на вестите за каматната стапка на Федералниот систем на резерви на САД, истакнува агенцијата.

Само во последните три месеци инвеститорите кои со долари купија актива во рубљи добија до седум проценти профит. Ова е највисокиот показател меѓу триесетина други валути, соопшти „Блумберг“.

Според експертите што ги запраша „Блумберг“, веќе догодина приходот од обврзниците изразени во рубљи би можел да се зголеми двојно да изнесува веќе 15 проценти. Една од најголемите меѓународни финансиски корпорација „Ситигруп АД“  (Citigroup Inc.) смета дека рубљата станува „суперпрофитабилна“.

Според пресметките на вишиот стратег за пазари на валути и каматни ставки на Sberbank CIB Том Левинсон, до крајот на годината курсот на рубљата може да се врзе до 61 рубља за 1 долар.

Главниот аналитичар во лондонската компанија „Ешмор“ (Ashmore) Ијан Ден смета дека е подобро да се купува рубља на крајот на оваа година. Догодина, според Ден, рубљата може да испадне повеќе побарувана поради можното слабеење на доларот.

Според Лутц Ромеер од „Ландесбанк Берлин Инвестмент“ (Landesbank Berlin Investment), продажба на активи изразени во рубља не е „најмудра“ одлука, затоа што во моментов на девизниот пазар има многу малку опции, а обврзниците во рубли носат добар приход.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња