НАТО одржа украински самит

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Денес во центарот на вниманието на учесниците на самитот на НАТО беше разгледувано прашањето за состојбата на земјите членки кои се граничат со Русија. Москва беше предмет на жестоки критики практично од сите 28 членки на НАТО за наводниот упад на југоистокот од Украина и за присоединувањето на Крим кон Русија.

Алијансата најде начин како да изврши воен притисок врз Русија 

Најочекуваниот документ на самитот во Велс беше крајната Декларација, во која се вели дека како одговор на „руската закана“ НАТО ќе создаде сили за брзо реагирање. 

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен им објасни на новинарите дека овие сили треба да бидат создадени по принципот на ротација на војските од земјите членки на алијансата. Притоа тие ќе бидат во состојба да реагираат на наредбите во најкус рок. Расмусен ги опиша силите за брзо реагирање како мешавина од регуларната војска и специјалните сили, кои ќе можат „лесно да се движат, но да задаваат моќни удари“. Доколку е потребно пешадијата ќе добие поддршка и од воздух и од море.  

Некои западни партнери, вклучувајќи го, за жал, и највлијателниот играч – САД, сакаат да победи НАТО, да победи ситуацијата кога Америка ја диктира својата волја. Овој концепт на исклучителност, кој не еднаш го прогласуваше претседателот на САД Барак Обама од високите трибини, нема да доведе до ништо добро. 

Сергеј Лавров

Министер за надворешни работи на Русија

Расмусен одби да одговори колкав ќе биде бројот на оваа единица, но според извор на „Руска реч на македонски“, силите за брзо распоредување ќе имаат околу 4.000 лица. Тие ќе можат да се распоредат во која било земја членка на алијансата во рок од 48 часа. Во НАТО овие сили се прикажуваат како „средство кое ќе покаже воздржувачки ефекти на можните планови на Русија за дестабилизација на земјите од Балтикот“. 

Да потсетиме дека земјите од Балтикот и други источнословенски држави уште од самиот почеток на украинската криза бараа од алијансата да преземе итни мерки за нивна безбедност. Сепак, другите земји на НАТО, во прв ред Германија, се воздржаа од тоа да го стават под закана Основниот акт на Русија-НАТО од 1997 година, според кој алијансата се обврзува да не распоредува во Источна Европа значителен број војска врз постојана основа. Одлуката која беше донесена во Велс за ротациски состав на сили за брзо распоредување ќе овозможи овој договор да не биде нарушен, иако фактички силите на алијансата ќе бидат постојано присутни на границата со Русија. 

Самитот на НАТО може да ја испровоцира Русија
Од 4-5 септември ќе се одржи првиот од почетокот на конфликтот во Украина самит на НАТО. Судејќи според информациите што протекоа во медиумите, земјите-членки на блокот планираат да донесат низа одлуки, насочени кон задржување на Русија. Истовремено, аналитичарите што ги анкетираше RBTH забележуваат дека Русија и НАТО никогаш не биле вистински партнери, а засилувањето на антируската реторека може да го испровоцира Кремљ на непропорционално цврст одговор.

Паралелно со ова седум земји од НАТО – Велика Британија, Данска, Норвешка, Холандија, Латвија, Литванија и Естонија – во четвртокот потпишаа спогодба за создавање на таканаречена единствена експедиција, или сили за брзо распоредување во минијатура. Иницијатор за создавање на ваква единица беше Лондон. Се претпоставува дека единствената експедиција не само што ќе спроведува оперативни воени операции за заштита на сојузниците, но и ќе работат во зоните на природни катастрофи и хуманитарни кризи. Во состав на новата формација ќе влезат копнени, морски и воздушни сили. „Оваа спогодба претставува договор на намери. Во текот на оваа есен треба да се одржат преговори за местото на кое ќе се наоѓа единствената експедиција, нејзината структура и број, а исто така и за учеството на секоја земја“, објаснува изворот за „Руска реч на македонски“. 

Москва смета дека одлуката на НАТО е опасна 

Според мислењето на постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко, новиот курс на алијансата е способен во голема мера да ја ослаби регионалната и глобалната безбедност. Во програма за телевизијата „Евроњуз“ тој забележа дека, од една страна НАТО започнува воени подготовки против Русија, иако за тоа не постои никаква основа. Од друга страна, пак, ова ја уништува можноста за партнерство со Москва во врска со оние прашања каде НАТО не може ефикасно да дејствува без соработка со странските играчи, вклучувајќи ја Русија. Акциите на алијансата Грушко ги објасни со фобии, забележувајќи, дека тие не можат да бидат излечени со распоредување тенкови и дополнителни борбени контингенти. 

Од своја страна, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров смета дека не е случајно што токму во периодот на контактите на претседателите на Русија и на Украина во Минск и изјавите на Владимир Путин со мировна иницијатива од седум точки, во Киев се слушнаа барања за неопходноста за отфрлање на неблоковиот статус и да се започне со приклучување кон НАТО. 

Силите за брзо реагирање на НАТО ќе можат да се распоредат во која било земја членка на алијансата во рок од 48 часа. Во НАТО овие сили се прикажуваат како „средство кое ќе покаже воздржувачки ефекти на можните планови на Русија за дестабилизација на земјите од Балтикот. 

„Некои западни партнери, вклучувајќи го, за жал, и највлијателниот играч – САД, сакаат да победи НАТО, да победи ситуацијата кога Америка ја диктира својата волја, - подвлече деновиве Лавров во Москва. – Овој концепт на исклучителност, кој не еднаш го прогласуваше претседателот на САД Барак Обама од високите трибини, нема да доведе до ништо добро“. 

Помош за Украина во оружје 

Навистина, учесниците на самитот му ветија на Петро Порошенко, кој допатува во Велс на заседанието на комисијата НАТО-Украина, воена помош. Притоа главните договори со низа земји од НАТО, според украинскиот претседател, се состојат во „нелетачки и летачки“ воени испораки, вклучувајќи и ултрапрецизно оружје. Порошенко не сакаше да одговори кои земји и какво оружје ќе испорачуваат во Украина. 

Прашањето за членството на Украина во НАТО изгледа ќе остане надвор од самитот во Велс. Порошенко во присуство на Расмусен изјави дека сè уште не е дојдено времето за тоа: Украина најпрво треба да ги направи реформите што се потребни за приклучување кон НАТО. „Кога земјата ќе одговори на сите критериуми за членство, украинскиот народ ќе реши кога и на кој начин ќе се случи тоа приклучување“, изјави тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.