Младите московјани никаде не одат пеш

Летната сезона нуди голем број можности за забава. Секојдневието на московјаните се менува брзо и сè повеќе личи на западната рутина.

Фотографии: Александра Гузева.

Веќе две години Москва е преплавена со најразлични превозни средства. На жителите на престолнината им е дојдено преку глава да стојат во сообраќајот, а никој нема желба да се симне во задушливото и преполно со луѓе метро. 

Така, мотоциклите, мопедите, велосипедите, ролерите, тротинетите и други превозни средства, за кои понекогаш е тешко на човека да му текне како се нарекуваат, станаа секојдневна глетка на улиците. 

Руска реч разговараше со две девојки од Москва, со цел да дознае зошто тие го избрале овој вид транспорт. 

Бајра го купила својот мотоцикл пред две години. По природа таа многу сака силни емоции и екстремни спортови: таа е финалист во Москва по бокс и затоа за себе си избрала мотоцикл. 

„Мотоциклот се движи многу брзо, тоа беше одлучувачкиот фактор кога го купував“. 

Сега Бајра со него не се движи само низ градот, туку оди и надвор од него. Минувајќи низ каков било застој во сообраќајот, Бајра се чувствува подвижно и лесно. 

Работата од соништата за младите московјани
Времето на правници и на економисти е далеку зад нас, младите луѓе во Москва сега повеќе ги ценат креативните занимања.

„Главната предност на мотоциклот за разлика од мопедот е брзината. Потоа треба да се полага за дозвола, ги знаеме сообраќајните правила, па веројатно со тоа се намалува можноста за сообраќајни незгоди“. 

За Бајра мотоциклот е вистински пријател, таа нагалено го нарекува „ластовичка“ или „мое девојче“ и ѝ е многу жал што во Москва може да го вози само од мај до октомври, односно додека не започнат зимските студови. 

Ања веќе трета година вози мопед и смета дека овој вид транспорт е најоптимален за толку голем град како што е Москва. 

Таа има и велосипед, но на него се вози исклучиво за време на викендите низ паркот Горки. Мотоциклот не го користи: за него е потребна дозвола, а згора на тоа да се качиш на него со штикли и во сукња не е многу згодно. Големата брзина на мотоциклот и неопходноста за голем број заштитни средства не им прилегаат на девојките. 

Од недостатоците на мопедот Ања го спомена недостатокот што тој може да се вози само во определен период од годината и тоа што е опасно да се вози на улица. „На мопед е страшно кога излегуваш од комфорниот центар на магистралите или на Московскиот кружен автопат. Максималната брзина на мопедот е 60 километри на час, а околу тебе сите возат со 150. 

Мопедот Yamaha Vino на Ања нема прекар, но затоа има карактер, и тоа, како што вели девојката, многу лош. „Понекогаш не сака да запали, а тоа главно се случува кога ужасно доцнам. Тогаш не само што треба да го палам со кикстартер (тоа е една таква направа за итно вклучување на моторот), туку треба и да го убедувам за да се запали и за да тргне. Е, тогаш ќе почне да работи и навреме стасувам онаму каде што сум тргнала.“ 

„Во принцип мопедот е супер работа“, резимира Ања. И многу нејзини пријатели кои ги виделе нејзините фотографии на Инстаграм си купиле себеси мопед.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.