Амбасадорот на Русија во Македонија н.е. Олег Шчербак. Извор: Емил Ниами/Руска реч на македонски.
На средбата беа присутни голем број дипломци, кои своето високо образование го стекнале во поранешниот Советски Сојуз или во Руската Федерација. Присутни беа возрасни лица, кои своевремено студирале во СССР, а за кои ова е една од ретките можности повторно да се видат и да поразговараат со своите колеги од студентските денови.
Овие средби се добра можност не само за дружење, туку и за промоција на рускиот образовен систем.
Но, ова не беше можност за дружење само со постарата генерација. На средбата беа поканети и присуствуваа и претставници на помладата генерација. Дел од нив се тазе дипломирани, а дел пред околу една деценија. Тие имаа можност да се запознаат еден со друг, да се потсетат на студентскиот живот во Русија, но и да разменат искуства како за професијата, така и за реализација на понатамошните планови.
На средбата со своја реч присутните ги поздрави и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Николаевич Шчербак, кој го изрази своето огромно задоволство што се наоѓа во друштво на Македонци, кои своето високо образование го завршиле во неговата татковина. Тој подвлече дека овие средби, кои по сè изгледа ќе станат традиционални, се добра можност не само за дружење, туку и за промоција на рускиот образовен систем во прв ред.
Во моментов руската влада секоја година доделува дваесет стипендии за студирање во Русија на македонските државјани.
Амбасадорот истакна дека со текот на годините бројот на Македонци кои заминуваат во Русија со цел таму да го оформат своето високо образование, е сè поголем, што претставува особена чест и задоволство за Руската Федерација, како една од водечките држави во светот. Исто така, тој подвлече дека во моментов руската влада секоја година доделува дваесет стипендии за студирање во Русија на македонските државјани, а изрази и надеж дека оваа бројка ќе се зголеми. Господинот Шчербак ги повика присутните, со оглед на личното искуство што тие го имаат, да ѝ помогнат на Амбасадата при изборот на идните студенти кои треба да го оформат своето високо образование во Русија. Во своето обраќање тој исто така изрази задоволство што од година в година заинтересираност за студирање во Русија расте и дека тоа е добар показател за местото на рускиот образовен систем во светот.
Амбасадорот на Русија во Македонија н.е. Олег Шчербак им се обраќа на присутните. Извор: Емил Ниами/Руска реч на македонски.
Господинот Олег Шчербак и во оваа пригода подвлече дека амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија е отворена за сите граѓани кои со свои предлози би придонеле до зацврстување и за унапредување на руско-македонски односи и за промоција на Русија во земјава.
На крајот дел од присутните му се заблагодарија на амбасадорот Шчербак, како и на другите дипломати и претставници од амбасадата на Русија во Македонија за дадената можност за средба на дипломците и изразија надеж дека ваквите дружења ќе станат практика и оти сите заедно ќе придонесат за унапредување на и онака добрите односи помеѓу двете земји, а во полза на народите што живеат во нив.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче