Планираниот гасовод Турски тек по својот капацитет на пропустливост е сличен со Јужен поток. Извор: Ројтерс
Сепак, значењето на македонскиот енергетски јазол е многу поголем, ова претставува клучен елемент за создавање на балкански енергетски систем, кој би се приклучил кон проектот Турски тек што беше усогласен помеѓу Русија и Турција и кој излегува на пазарите од Централна и од Јужна Европа. Според информациите од „Стројтрансгас“ реализацијата на проектот ќе биде продолжена сè до обезбедување на излез на гасоводот на границата со Грција, со можност тој да биде приклучен кон грчко-турскиот гасен хаб.
Во моментов на територијата на Македонија функционира единствена нитка на гасовод, а тоа е таканаречениот коридор 8, кој започнува во Русија и преминува преку Украина, Романија и преку Бугарија. Тој е предвиден за транспорт на 800 милиони кубни метри гас годишно, што е недоволно за обезбедување на енергетската безбедност на Балканскиот регион. Освен тоа, украинскиот дел од овој коридор може да излезе од експлоатација веќе во 2019 година, кога Русија има намера да го прекине транзитот на гас за Европа по оваа маршрута, а можеби и порано, доколку продолжи кризата со Украина.
Гаспром не неговите турски партнери се стремат изградбата да се реализира во најкус можен рок. Според првиот човек на Гаспром Алексеј Милер, прва задача во моментов е „анализа на варијантите на маршрутата на територијата на Турција, определување на пунктот на излез од морето, определување на пунктот за преземање на гасот на потрошувачите од Турција и пунктот на турско-грчката граница“.
И тука се појавува една интересна колизија. Македонија може да стане клучна земја за балканскиот транзит поради природно-географските услови. Сепак, постои и алтернативна варијанта, а тоа е гасовод по бугарско-српската маршрута. Сепак, засега довербата на Москва кон бугарската страна како партнер во однос на енергетиката е урната. Кога станува збор за Србија, која гасот што ѝ е потребен во целост го увезува, а 95% од гасот е од Русија, таа е исправена пред проблеми на политички план. Имено: треба повторно да ја докажува својата способност како сигурна алка во новата конфигурација на енергетски тек на Балканот.
Од гледна точка на ресурсната база не треба да има проблеми. Турски тек според својот обем е сличен на Јужен тек. Тој предвидува транспорт на истите оние 63 милијарди кубни метри гас годишно. Од нив 16 милијарди ќе останат во Турција, а 47 милијарди кубни метри ќе продолжат понатаму на Балканот. Руски гас има за сите, па затоа главниот проблем се гледа во расколот помеѓу српската владејачка елита од една страна, и потребата на населението, од друга.
Без оглед на антируската и „антигаспромовата“ кампања што ја започнаа странските и многу руски медиуми, во српската јавност пости разбирање за тоа зошто пропадна Јужен тек. Анкетата што беше спроведена кон крајот на 2014 и на почетокот на 2015 година покажа дека 39.8% од Србите одговорноста за неуспехот на проектот Јужен тек ја гледаат во САД, 20.2% во раководството на ЕУ, а само 6.5 % ја обвинуваат Русија. Одговорноста на Бугарија ја префрлаат само 2.4% од испитаниците, што е јасно, имајќи ја предвид комплетната несамостојност на политиката на Софија во врска со енергетските (и не само во нив) прашања.
Како антитеза на Србија, а особено на Бугарија, се поставува турската елита во соработката со Русија за енергетиката. Во моментот Турција увезува околу 70% од нафтата и гасот што ѝ се потребни на земјата, а во 2020 година побарувачката на нив ќе се зголеми за уште 40%. Властите на Турција се обидуваат да ја претворат земјата во клучен јазол на енергетски текови и учествуваат во дискусиите на сите постоечки проекти за транспорт на гас во Европа,меѓу другите и за оние проекти кои еден на друг си претставуваат конкуренција. Геополитиката на гасоводите се определува според ресурсите на еден или на друг проект, а тука позицијата на Русија е најцврста.
Се разбира, македонскиот јазол на проекти за гас на Балканот има свои ризици, кои произлегуваат пред сè од внатрешно-политичката нестабилност во Македонија и активацијата на албанскиот фактор. Како и да е, Србија, Бугарија и Македонија на можат да не се ориентираат според интересите на сопствената енергетска безбедност. Интересите, пак, диктираат тесна соработка со Русија. Сите постоечки и планирани маршрути на гасоводите доаѓаат во регионот од Исток, а не од Запад, а танкерите со компресиран гас од Катар или од Алжир, во Белград, во Софија или во Скопје нема да се закотват.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче