Агафја Ликова, пустиник од староверско семејство. Староверското семејство Ликови кон крајот на 1930-те отиде да живее во тајгата на Сајанските планини, далеку од цивилизацијата. Го открија советски геолози во 1978 година. Агафја е единствениот преживеан од семејството Ликови. Фото од 2018 година.
Иљја Питалев/SputnikСпоред неа, таа претходно ги растерувала неканетите гости удирајќи во празна кофа. Последниот пат мечка ја пикала муцката на прозорецот и старицата фрлила мала петарда кон неа. Мечката избегала во шумата, му рече таа на директорот на резерватот „Хакаски“ Виктор Непомњашчи, пишува весникот „Комсомолскаја правда“.
Ликова, исто така, рече дека во една прилика со молитва се спасила од мечка. Тогаш заедно со помошничката отишла во тајгата по шишарки за недела дена, и се појавила мечка и почнала да ги следи. „Тогаш Агафја се помоли на Богородица и на Свети Никола. И се случило чудо: мечката не ги гибала“, се наведува во соопштението.
Според Непомњашчи, изминатата година во резерватот била тешка. Пролетта доцнела, храната била малку. „Мечките ќе треба долго време да собираат сало за зимскиот сон, можеби подоцна ќе се повлечат во своите дувла. Затоа наминуваат кај Агафја. Оваа година таму се појави мечка со мечиња“, објасни тој.
За заштита на пустиникот ѝ беа испратени неколку луѓе, група вооружени инспектори. Тие ѝ донесоа специјални „петарди“ за заштита од мечки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче