Договорот за РСМД станува за Русија товар

Карикатура: Алексеј Иорш

Карикатура: Алексеј Иорш

Договорот за уништување на ракетите со среден и мал дострел (ДРСМД) во последно време стана составен дел од сериозните несогласувања меѓу Москва и Вашингтон.

Договорот за уништување на ракетите со среден и мал дострел беше потпишан во декември 1987 година во Вашингтон од страна на Роналд Реган и Михаил Горбачов. Според условите во него страните се обврзаа да ги уништат сите свои балистички и крстосувачки ракети кои се лансираат од копно и кои летаат со дострел од 1000 км до 5500 км (просечен дострел) и 500 км – 1000 км (мал дострел).

Политика на релаксација 

Зошто нашата земја се нафати да го потпише овој договор? Затоа што американските ракети „Першинг-1А“, „Першинг-2“ и BGM-109G, сместени во базите во Европа и вооружени со нуклеарни боеви глави, можеа да го опстрелаат целиот европски дел од територијата на СССР сè до градовите Архангелск, Горки и Батуми. Времето на прелет на овие ракети до главниот град изнесуваше не повеќе од 10-12 минути. Советските ракети со среден дострел РСД-10, Р-12, Р-14 и РК-55 и помалите – ОТР-22 и ОТР-23 достигаа до која било од земјите на НАТО, сè до бреговите на Атлантскиот океан. И уништувањето на целата класа нуклеарни ракети кои беа закана едни за други започна на почетокот 90-те години од минатиот век како сериозен влог во релаксацијата на тензиите меѓу Москва и Вашингтон. Но на Вашингтон ова не му одговараше.

Русија го зајакнува својот штит
С-500 и A-235 „Смолет-М“ („Авион-М“) се подготвени да го затворат и да го заштитат небото над Русија и над ЗНД од балистички ракети. С-500, кој со помош на суперкомпјутер ќе ја чува Москва, ќе може истовремено да уништи и до десет балистички цели, вклучително и боеви глави на суперсонични крстосувачки ракети.

На неговите граници, за разлика од Русија, нема држави кои поседуваат РСМД. Тој воопшто не беше заинтересиран да се ослободат од таквите ракети, на пример, Турција или Пакистан,  за да му се придружат на тој договор Кина и Иран. Уште повеќе, целата понатамошна политика на САД беше насочена кон постигнување еднострана предност во зголемувањето на ракетното и обичното вооружување. Така, во 2002 година администрацијата на Џорџ Буш помладиот се повлече од Договорот за ограничувањето на системите за противракетна одбрана (ПРО) – темелот на меѓународната стабилност, како што го нарекуваа тогаш на двете страни на Атлантикот. Спогодбата сериозно ги ограничуваше системите за противракетна одбрана на двете земји, не им дозволуваше да ја нарушат рамнотежата меѓу стратешката одбрана и стратешкиот напад. Но Вашингтон не ги зеде предвид безбедносните интереси на Русија, почна да ги распоредува своите системи за ПРО по должината на нашите граници, објаснувајќи го тоа со „одбрана од непријателските држави“, наведувајќи ги од тој список Иран и Северна Кореја. Но од каде Техеран и од каде Пјонгјанг, тие немаат, како што изјавуваат експертите, и во блиска иднина нема да имаат ракети способни да стигнат до териториите на САД или земјите на НАТО. 

Нарушување на стратешката рамнотежа 

Уште повеќе, како прекршување на ДРСМД кој предвидува уништување на целиот арсенал ракети со среден и краток дострел, како на оние во магацините, така и на нивните составни компоненти, Вашингтон ги користи за ракети-цели при тестирање на ракети-пресретнувачи ракетните мотори од ракетите „Першинг“ што ги чува како резерва. А и беспилотните летала што ги употребува божем за лов на терористи, според своите тактичко-технички карактеристики соодветствуваат на крстосувачките ракети кои се лансираат од копно, забранети со Договорот за РСМД. А лансирните рампи „Мк-41“, кои САД имаат намера да ги распоредат во Полска и Романија во базите за ПРО, исто така можат да се употребат за лансирање на крстосувачки ракети со среден дострел. И нивното распоредување исто така не е ништо друго освен прекршување на наведената спогодба. 

Но сево ова не го вознемирува Вашингтон. Тој одби да ги земе предвид интересите на Москва во Договорот за конвенционалните вооружени сили во Европа, не започна да ги убедува своите сојузници во НАТО – Летонија, Литванија и Естонија, како и новоформираните европски држави да се приклучат на оваа спогодба.  Ова, заедно со земјите од Источна Европа што се приклучија на НАТО ѝ даде трипати и четирипати поголема надмоќ на Северноатлантската Алијанса во однос на Русија во конвенционалното вооружување.   

Има едно очигледно прашање – уште колку може да го трпи Москва ова? Зар не е време од зборовите, со кои се труди Кремљ да ги олади вжештените глави во Вашингтон и Брисел, да се прејде на дело? 

Право на повлекување 

Можеби еден од елементите на таквите активности треба да стане изјавата на Кремљ за повлекувањето на Русија од Договорот за уништување на ракетите со среден и мал дострел, кој во сегашнава ситуација веќе станува товар за нас? Сфаќам, овој предлог ќе биде примен од јавноста, а и од војската различно. Но, од друга страна, како треба да реагираме на распоредувањето на американскиот систем за ПРО во Романија и Полска? На Запад веќе никој посебно и не крие дека тој е насочен против нашата земја.  Со што можеме да ја компензираме таквата закана за да не ја уништиме економијата на државата со нова трка за вооружување? На пример, со распоредување на Крим на стратешките бомбардери Ту-22М3, како и на оперативно-тактичкиот систем „Искандер-К“. 

За да можат нашите „Искандери“ да дојдат до натовските бази, ќе мора да се зголеми должината на дострелот на нивните ракети. А тоа значи повлекување од ДРСМД. Тоа нема да биде многу скапо за домашната економија. Покрај тоа, ако еден таков чекор одговара на националните интереси на земјата, зајакнувањето на нејзината безбедност, тогаш ние, мислам, треба да го направиме.

Текстовите во рубриката „Погледи“ се став на авторот и не секогаш ја одразуваат позицијата на редакцијата на „Руска реч на македонски“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња