Извор: Слуцки ќе добие 1 милион евра награда за пласманот на Русија на ЕП 2016

Селекторот на репрезентацијата на РФ во фудбал Леонид Слуцки ќе добие награда за успешниот резултат во квалификациите за ЕП 2016.

Селекторот на репрезентацијата на Русија во фудбал Леонид Слуцки ќе добие 1 милион евра награда за пласманот на Европското првенство во 2016 година, изјавија неколку извори блиски до селекторот.  

„Сумата на премијата за селекторот на репрезентацијата во случај на пласман во завршницата на првенството на Европа беше договорена уште додека беше селектор Фабио Капело. Леонид Слуцки ќе добие 1 милион евра од РФС“, изјави изворот.

Според зборовите на друг извор, премиите за играчите на репрезентацијата ќе зависат од тоа колку време активно поминале на теренот. „На пример, Алан Касаев, кој беше во составот на екипата, но не се појави на теренот, нема да добие ништо“, потенцираше соговорникот на ТАСС.

Слуцки дојде на чело на репрезентацијата на Русија во август како замена на Фабио Капело. Под раководство на Слуцки, репрезентацијата на Русија победи на четири натпревари по ред во квалификациите за ЕП 2016 и директно се пласираше во завршницата на првенството која ќе се игра во Франција.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња