Карикатура: Константин Малер
Овие принципи се втемелени во Повелбата на ООН и се откриваат во Декларацијата на принципи на меѓународното право од 1970 година и во Хелсиншкиот договор од 1975 година.
Кога станува збор за Крим треба да се набројат три од нив: принципот на непримена на сила во меѓународните односи; територијалниот интегритет на државите и правото на народите за самоопределување.
Последниве два принципи се наоѓаат во определена колизија, меѓудржавната практика (до случајот со Косово) приоритет му даваше на принципот на територијален интегритет.
Без санкции од страна на Советот за безбедност на ОН државите-членки на НАТО масовно применија сила против Југославија во 1999 година, а во 2003 година САД заедно со земјите на коалицијата истото го направија и во Ирак.
Во 2008 година прогласувањето на независен статус на Косово беше брзо признаен од страна на САД и на низа земји од ЕУ.
Во согласност со принципот на правото на самоопределување, народите имаат право на негова реализација, доколку тие се наоѓаат под колонистичко ропство, под странско владеење и при нарушување на фундаменталните права и слободи на човекот, кои се содржани во Пактот за политичките и граѓанските права од 1966 година.
Во согласност со овој Пакт (член 27), националните малцинства кои живеат на територијата на државата „не можат да бидат лишени од правото на користење на својот јазик“.
![]() |
Отцепувањето на Крим е уште една во низата кризи И покрај создавањето на ОН и развиениот степен на меѓународното право, во односите меѓу државите, како и порано, сè зависи од односот на силите. |
Новите власти во Киев донесоа закон според кој единствен јазик во Украина може да биде само украинскиот.
Наведените дејствија, освен реалната закана за населението на Крим од страна на националистите-бунтовници, можат да служат како основа за признавање на законски на референдумот во Крим за излез од составот на Украина.
Доколку треба да се даде меѓународно-правна оценка, тогаш сите овие настани – примената на сила против Југославија и Ирак, признавањето на независноста на Косово, присоединувањето на Крим кон Русија – се наоѓаат во иста низа.
Легитимноста на признавањето на независноста на Косово има исто онолку основа, колку и признавањето на резултатите од референдумот на Крим со неговото понатамошно влегување во состав на Русија.
Авторот е доктор на правни науки и професор на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче