Медведев: Санкциите можат да траат со децении

Американските санкции против Русија можат да останат долго, како во случајот со важечкиот речиси 40 години амандман на Џексон-Веник, изјави за весникот „Дело“ премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

Американските санкции против Русија можат да останат долго, како во случајот со важечкиот речиси 40 години амандман на Џексон-Веник, изјави за весникот „Дело“ премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

„Мислам дека санкциската инерција може да се задржи во САД уште долго. Доволно е да се сетиме на историјата со амандманот на Џексон-Веник, кој опстои речиси 40 години, претворајќи се од економски во политички инструмент“, изјави Медведев, изразувајчи истовремено надеж дека Вашингтон ќе се врати на прагматични позиции.

ЕУ и САД, според мислењето на рускиот премиер, го искористија присоединувањето на Крим кон РФ како предлог за санкции. Притоа тој изрази увереност во „бесмисленоста и контрапродуктивноста“ на ваквите мерки. „Со Русија не може да се разговара од позиција на сила. За ова сведочи целата руска историја. Обидите да се изврши притисок врз Русија и да нѐ натераат да се откажеме од принципиелната позиција немаат перспектива“, ги цитира зборовите на шефот на руската влада РИА „Новости“.

Русија, потенцира Медведев, ќе се справи со санкциите и со нивното негативно влијание врз економијата. Згора на тоа, овие мерки ќе бидат искористени со добивка, додаде тој, потсетувајќи дека Москва активно ја развива соработката со земјите од Азиско-Тихоокеанскиот регион и се занимава со замена на увозот.

Истовремено премиерот изрази увереност дека санкциите ќе му се вратат како бумеранг на оној што ги воведе. „Намалувањето на трговската размена меѓу Русија и Европската унија во јануари оваа година е речиси за 38 проценти, што зборува само за себе. Очигледно дека од тоа страдаат двете страни. Никој не добива од намалувањето на трговијата, згора на тоа, кога пречките за неа се воведуваат вештачки и се мотивирани од моментани политички одлуки“, констатира Медведев, наведувајќи дека загубите на западниот бизнис можат да изнесуваат десетици милијарди евра.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња