Раст на невработеноста во 2012

Во декември стапката на невработеност забележа пораст од 4.17 отсто. Извор: PhotoXPress.

Во декември стапката на невработеност забележа пораст од 4.17 отсто. Извор: PhotoXPress.

Светската економска криза го зема својот данок и во Русија. Од Министерството за труд на Руската Федерација соопштуваат за ново зголемување на стапката на невработеност.

Во декември минатата година бројот на регистрирани невработени бележи пораст од 4.17 отсто, односно 42 илјади работоспособни луѓе повеќе. Во моментов во агенцијата за вработување на РФ се регистрирани еден милион и педесет илјади невработени. Со оваа бројка излезе Министерството за труд на Руската Федерација.

Зголемувањето на официјално регистрираната невработеност назима се случува секоја година

Сепак, тоа не значи дека состојбата на пазарот на труд се влошила. Зголемувањето на официјално регистрираната невработеност назима се случува секоја година, со оглед на фактот дека завршуваат сезонските работи во змејоделството, градежништвото и во други гранки. Напролет, кога повторно ќе започнат со работа, невработените луѓе се бришат од евиденцијата и повторно се сметаат за вработени.

Впрочем, во пет региони невработеноста е намалена, без оглед на доаѓањето на зимата. Ова се случи во републиките Адигеја, Татарстан, Чеченија, во Пензенската област и во Ханти-Мансинскиот автономен округ. 

Во Саратовската област бројот на невработените граѓани останува неизменет. 

Максимален пораст на невработеноста е забележан во Еврејската автономна област, потоа во Магаданската, Астраханската, Сахалинската и во Волгогардската област, како и во Република Северна Осетија – Аланија и во Чукотскиот автономен округ. 

Во горенаведената бројка влегуваат и работниците што се непријавени по вина на администрацијата, оние што се на неплатен одмор, како и работниците со неполно работно време. 

Сѐ на сѐ оваа група граѓани ја сочинуваат 133.4 илјади лица (во ноември бројот беше поголем за шест отсто). Најголем дел од групата отпаѓа на работници со неполно работбо време или со неполна работна недела – 101.2 илјада лица. За непријавени по вина на администрацијата се сметаат 28 илјади работници, а на неплатен одмор заминале 4.2 илјади Руси.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња