Новиот руски бомбардер Ту-22М3М полетува во август

Ту-22М3

Ту-22М3

Вадим Савицки/Global Look Press
Казањскиот завод за производство на авиони планира за август пробни летови на суперсоничниот бомбардер Ту-22М3М, соопшти за РИА „Новости“ претставник на ова претпријатие.

Се работи за нова модификација на носачот на ракети со голем домет Ту-22М3, кој е наменет за гаѓање на копнени и поморски цели од големи, средни и мали висини. Во состав на вооружувањето е примен 1989 година.

Освен тоа, бомбардерите Ту-22М3 учествуваа во воздушните напади врз терористите во Сирија.

Како што изјави рускиот сенатор Виктор Бондарев, Ту-22М3 има огромен потенцијал за модернизација. Според него, овие авиони ѝ обезбедуваат на руската стратешка авијација надмоќ во светот.

Бондарев истакна дека Ту-22М3 има напредни карактеристики. Максималната брзина му е 2300 километри на час, може да лета на висина до 13 километри, а со полн резервоар поминува шест илјади километри.

Погледнете го видеото: Моќта и убавината на стратешката авијација на Воздушно-космичките сили на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња