Во реонот околу Донецк, каде се сруши малезискиот авион, претходно била дислоцирана дивизија на зенитниот ракетен комплекс „Бук“ од страна на вооружените сили на Украина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на свој извор.
„Според податоците, во средата во реонот околу Донецк била дислоцирана дивизија „Бук“ од страна на вооружените сили на Украина. Во моментов во Харков се товари уште една дивизија од ова оружје“, пренесува изворот.
Според зборовите од изворот, леталата на висина поголема од 10 километри можат да бидат погодени само од С-300 или „Бук“. Самоодбраната на Донецката народна република нема такво оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.