Една година по претседателските избори

Карикатура: Нијаз Карим.

Карикатура: Нијаз Карим.

Политикологот Андраник Мигранјан зборува за главните задачи кои стојат пред Владимир Путин.

...Сите паѓаат во искушение да се искажат во врска со тоа што успеал, а што не успеал да направи новиот стар претседател по изборите на 4 март минатата година, зашто тоа претставува определена пресвртница, која требаше во поголем степен да се искристализира конфигурацијата на власта во Русија. Доколку до тој момент имавме формален претседател и неформален лидер на земјата, тогаш изборите беа организирани за да го формализираат него како безусловен водач на земјата.

Некои аналитичари очекуваа дека по инаугурацијата на Путин тандемот ќе продолжи извесен период, но дека ќе остане истиот модел на управување со земјата. 

Како прво по претседателските избори сите политичари и аналитичари ги загрижуваше прашањето каква ќе биде конфигурацијата на власта по инаугурацијата на Владимир Путин и по формирањето на новата влада. Некои аналитичари очекуваа дека по инаугурацијата на Путин тандемот ќе продолжи извесен период, но дека ќе остане истиот модел на управување со земјата. 

Сепак, мошне скоро стана јасно дека нема никаква основа за продолжување на тандемот. И ако на Медведев му била потребна потпора во власта која се огледа во авторитетот и во политичкото искуство на Путин, присуството на Путин како гарант за внатрешноелитниот консензус и консензусот помеѓу јавноста и власта, тогаш по инаугурацијата на претседателот не беше потребен партнер како рамноправен учесник во тандемот, бидејќи Медведев не се здоби со личен политички ресурс дури и по четири години претседателствување. 

Втора, мошне важна работа, на која треба да се обрне внимание, тоа е мошне строгата по својата големина борба со корупцијата, која во Русија започна веднаш по враќањето на Владимир Путин во Кремљ. Се создава чувство дека власта е навистина сериозна во своите намери сите чиновници и бизнисмените поврзани со нив да поминат низ процесот на чистење...

Многумина го сметаат овој закон како обид на Путин да ја стави под контрола на државата руската елита. 

Руската Дума е близу до донесување закон за тоа државните чиновници да немаат ниту акции, ниту депозити во странски банки и да дадат отчет за своите недвижнини кои се наоѓаат во странство...  Многумина го сметаат овој закон како обид на Путин да ја стави под контрола на државата руската елита. Обидот на власта за враќање на парите на чиновниците, некои ја сметаат како обид на власта за национализирање на руската елита. Сметам дека чекорите на власта во овој правец се нераскинлив дел од заедничката борба со корупцијата, што ќе помогне руската власт да стане повидлива... 

Во врска со ова, во политичките и во експертските кругови се водат многу разговори за тоа дека ако Путин тргне кон укинување на имунитетот на чиновниците од највисок ранг, тоа би можело да резултира со големи откривања на лица со високи позиции, па дури и на министри, вицепремиери, кои се вовлечени во корупциски шеми, со можност некои од нив да бидат осудени и на затворска казна. Нема ли тоа да доведе до сериозен раскол во елитните кругови и до ослабување на политичката база на сегашниот претседател? 

Традиционално се претпоставува дека поддршка на власта во вакви преодни општества како што е Русија, во значителен степен се консолидираните елити. Но, во случајот со Путин знаеме дека од самиот почеток на неговото претседателствување, потпора на неговата власт никогаш не биле економските елити или, уште повеќе, корумпираните чиновници. Путин веќе има искуство во сериозната борба со таквата „потпора“ на власта. За потпора на власта во периодот кога претседател беше Елцин, се сметаа олигарсите и регионалните раководители. И, водејќи истовремено и мошне успешна борба со овие можни сили, на почетокот Путин се потпираше на тогаш уште многу слабите институции на власта – на правниот систем и, секако, во прв ред на масовната поддршка од страна на населението. Во денешни услови институциите на власта се многу поефикасни и помоќни за да му бидат потпора на Путин во оваа нова борба.

Силата на Путин и потпората на неговата власт е во масовната поддршка од страна на населението. За спречување на понатамошното опаѓање на рејтингот на претседателот на јавноста треба да ѝ се покажат конкретни резултати од работата на власта. 

Затоа ми се чини  дека претстојната борба на Путин и на неговиот тим за чистење на руската власт од корупцијата која проникнува насекаде во денешни услови може да биде поефективна и поуспешна и тешко дека ќе претставува реална опасност за сегашната власт. 

По една година од изборите се забележува некакво намалување на рејтингот на претседателот, што се објаснува не само со тоа што тоа вообичаена појава во сите земји во првата година по изборите, но и со тоа што руското општество навистина има големи очекувања од Путин за закрепнувањето како на моралната, така и на економската состојба во земјата. Како што веќе реков погоре, силата на Путин и потпората на неговата власт е во масовната поддршка од страна на населението. За спречување на понатамошното опаѓање на рејтингот на претседателот на јавноста треба да ѝ се покажат конкретни резултати од работата на власта: успеси во економијата, во борбата со корупцијата, во чистењето на власта, во закрепнувањето на моралната и на политичката атмосфера во земјата и во општеството. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, со севкупните неблагопријатни услови во светската економија, потешко е да се дојде до брзи и видливи успеси во економската сфера, власта може да дојде до видливи резултати во други правци, како што е борбата со корупцијата, што, од друга страна, ќе создаде поблагопријатни услови за економски раст... 

Текстот е претставува скратена верзија на статијата која можете да ја најдете на руски јазик наследниов линк.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.