„Фајненшел Тајмс“: Македонија не е против промена на името за место во НАТО

„Руското мешање“ на Балканот го убеди Западот дека спорот за името, како на прашањето за проширувањето на НАТО, бараат решение, пишува „Фајненшел Тајмс“.

Македонија може да си го смени името за да влијае на ставот на Грција, која се залага против нејзино членство во НАТО, изјави министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров. Според него, членството на Македонија во Алијансата ќе помогне за смирување на целиот регион, каде последниве неколку месеци политичката тензија периодично преминуваше во крвопролевање, пишува „Фајненшел Тајмс“.

Македонскиот министер истакна дека засега е рано да се дискутира за некакви конкретни предлози за ново име. Истовремено Димитров потенцира дека неделава има намера да се сретне со грчките колеги за да ја обнови довербата, поткопана од одлуката на Атина да стави вето на учеството на земјата во НАТО во 2008 година.

„Ќе побарам од Грците уште еднаш да размислат какви соседи им требаат. Дали сакаат тоа да биде дружељубива земја, која нуди надеж за демократија и правда? Ако сме добри соседи, тогаш, се надевам, политичките сили во Грција нема да ја испуштат оваа историска шанса“, истакна Димитров во интервјуто.

Изданието тврди дека Македонија, која себеси се нарекува Република Македонија, „ги разбеснува Грците“. Тие сметаат дека во ова име содржи територијални претензии кон грчката провинција со истото име. Поранешниот македонски премиер Никола Груевски предизвика уште поголема аверзија кај Атина со преименувањето на аеродромот и на автопатот по Александар Велики, кого неговата партија го смета за свој национален јунак.

Идеја за промена на името веќе имаше во минатото, а еден од претходните предлози беше „Горна Република Македонија“. Земјата е во ООН како Поранешна Југословенска Република Македонија, но „руското мешање“ на Балканот го убеди Западот дека спорот, како и прашањето за проширување на НАТО бараат решение.

Западните аналитичари сметаат дека напредокот во однос на прашањето во НАТО, исто така, ќе им помогне на македонските власти за надминување на „политичката фрагментација“ со која досега не успеаја да се справат официјалните претставници на ЕУ. „На новата влада ѝ е потребна поддршка и ништо нема да го одбележи успехот подобро од напредокот во спорот со името“, вели политологот од Универзитетот во Грац Флориан Бибер.

Според Димитров, гласањето за преименување на земјата ќе биде во форма на референдум. Сепак, новата влада треба да постигне консензус за ова прашање меѓу парламентарните партии, пишува изданието, пренесува во прераскажана форма RT

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња