Руската амбасада во Скопје одговори на обвинувањата за мешање во Македонија

Дипломатското претставништво на Русија во Македонија во вторникот ги коментираше за РИА „Новости“ обвинувањата на Центарот за истражување на организираниот криминал и корупција (OCCRP), финансиран од САД, за мешање во внатрешните работи на републиката.

„Тврдењата на спонзорираниот од американските државни фондови и Џорџ Сорос OCCRP за наводно мешање на Русија во внатрешните работи на Република Македонија се одликуваат со флагрантна професионална неинформираност, но јасно влегуваат во рамките на антируската хистерија поттикната од Западот. Согласно нејзината извитоперена логика развојот на односите со Русија, вклучувајќи ги трговско-економските, културните, образовните и дури и хуманитарните врски, претставува закана за Македонија“, изјавија за РИА „Новости“ од амбасадата на Русија во Македонија.

Дипломатското претставништво на Русија истакнува дека „сегашниот бран дезинформации за политиката на Русија во однос на оваа земја“ почна со публикациите во лондонски „Сандеј Тајмс“ на крајот на април-почетокот на мај оваа година. Таквите публикации руските дипломати ги нарекоа нарачани.

„Нивната цел е очигледна – да се поткопа позитивниот имиџ на Русија во Македонија и на Балканот во целина, да се усложнат нашите пријателски и заемно поволни односи со земјите во регионот, да се спаси мошне „извалканиот“ углед на Западот како резултат на неговото бесрамно мешање во внатрешните работи на Македонија и поддршка опасната за стабилноста на оваа држава „Тиранска платформа“, потенцира амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

Според мислењето на раководството на амбасадата, организаторите на таквите информациони напади прибегнуваат кон тоа затоа што губат во чесната конкуренција на идеи и вредности во меѓународната политика и „тие немаат со што да ѝ се спротивстават на Русија освен со лаги и фалсификати“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња