Видеото од инцидентот го објави телевизијата „Ѕвезда“. Војник на Воената морнарица на Русија истакна дека растојанието до бродот на Воената морнарица на Полска изнесувало околу 14 километри. „По азимут 235 гледам разузнавачки брод на ВМ на Полска, движење курс налево“, ги цитира зборовите на војникот ТВ „Ѕвезда“.
„Адмирал Макаров“ реализираше школски гаѓања од најновиот ракетен систем „Штиљ 1“, но поради присуството на туѓи бродови во секторот на гаѓањето мораше да ги одложува неколку пати. Сепак, бродовите на НАТО ги послушаа предупредувањата на руските војници и пробните гаѓања продолжија.
На 18 април беше соопштено дека фрегатата „Адмирал Макаров“ во текот на финалната етапа на државните испитувања во Балтикот погоди реална воздушна цел со противоздушниот систем „Штиљ“, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче