Украина во 2014 година планирала десант на Крим

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Украина Виктор Муженко раскажа за плановите за десант на Крим 2014 година.

На почетокот на март 2014 година украинското воено раководство планирало да ги заземе сите аеродроми на Крим и да го спречи одржувањето на референдумот за присоединување на полуостровот кон Русија, изјави началникот на Генералштабот на Војската на Украина Виктор Муженко.

„Се претпоставуваше дека ќе извршиме десант: да се истовариме на полуостровот и да ги заземеме аеродромите на Крим, да ги засилиме таму нашите воени единици и да извршиме одредени акции кои ќе би ја спречиле руската војска да се движи кон зададената цел“, изјави Муженко во интервју за „Украинска правда“.

„Но првиот заменик на началникот на Генералштабот Воробјов нареди операцијата да биде запрена“, вели Муженко. Тој не знае зошто била дадена таква наредба, но се сеќава дека десантот требало да се одвива под називот воени вежби „Пролетен плисок 2014“.

„Да остваривме сѐ што планиравме, ќе имавме шанса да ја контролираме кримската степа. А така ќе го оневозможевме спроведувањето на кримскиот референдум, како што го нарекуваат тие. А како понатаму ќе се одвиваа настаните, сега е веќе тешко да се каже“, рече Муженко.

На 27 февруари, неколку дена по масовните протест на населението на Крим против државниот удар во Киев, „учтивите луѓе“ ги зазедоа зградите на државните институции во Симферопол. Сите украински воени единици на Крим за неколку дена беа блокирани и разоружени без никаков отпор.

Во јули 2016 лидерот на Крим Сергеј Аксјонов изјави дека сите спомени на украинските офицери за подготвеноста со тенкови да ја донесат „кримската пролет“ пред референдумот само го потврдуваат фактот дека „учтивите луѓе“ го спасија Крим од крвопролевање, пишува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња