Русија ќе создаде оклопник од ново поколение

Петар Ковалев / ТАСС
Руската армија ќе купи дополнителна партија на оклопници „Тигар“ по сириската операција. Модифицираната верзија за првпат ќе ѝ биде претставена на публиката кон средината на 2018 година.

Откако руските војници излегоа без ниту една гребаница од изгореното оклопно возило „Тигар“ по жестоките борби со ИДИЛ, раководството на Министерството за одбрана на Руската Федерација не само што реши да купи дополнителна партија техника, ами и да финансира разработка на ново поколение на ова возило.

„Следната година ние ќе претставиме 'Тигар' од новото поколение – во нов корпус, со зголемена носивост и ниво на заштита“, вели за „Руска реч на македонски“ Сергеј Суворов првиот човек на службата за односи со јавноста на воено-индустриската компанија кои ги произведува оклопните возила „Тигар“.

Машината ќе има основа во облик на буквата V, ќе биде поудобна за екипажот, а исто така ќе има втора, трета и четврта класа на заштита.

„Сега одбранбениот сектор сака дополнително да постави на 'Тигар' 100-милиметарски топ. Притоа машината веќе сега може да работи како стационарна огнена точка за сметка на боевиот артилериски модул 'Арбалет' и ПТРК од типот 'Корнет'. Со еден збор кажано, воениот ресор можат да го стават на борбена позиција, да се повлечат на безбедно растојание и оддалеку да управуваат со огнот“, изјави за „Руска реч на македонски“ професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Според него, втората задача по Сирија е зголемување на нејзината оклопна заштита. „Таа и сега е со доволно висока класа, но има на што да се работи. Третата задача, меѓу другото, е зголемување на моќноста на моторот и можностите за маневрирање на машината“, додава експертот.

Како што забележува тој, новата верзија на „Тигар“ ќе влезе во програмата за државни набавки 2018 – 2025 година. Според мерката на доаѓање во војската, тие ќе ги заменат застарените „Тигри“ и оклопните возила „Рис“. „Колку машини ќе добие армијата ќе објави Министерството за одбрана по објавувањето на плановите за набавка на вооружување и техника за следниве седум години“, заклучува аналитичарот.

„Мирен“ воен „Тигар“

Оклопните возила „Тигар“ се познати и по тоа што стојат во гаражите на министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу и на вицепремиерот Дмитриј Рогозин. Ова за „Руска реч на македонски“ го изјави воениот аналитичар на весникот Известија Дмитриј Сафонов.

Притоа, возилото е направено како и американскиот Хамер, во цивилна варијанта – со цивилен, а не со БТР-овски „мост“; а исто така и со блиндиран надворешен корпус, но без „борбена“ оклопна капсула.

Според податоците од медиумите, ваквиот „Тигар-Ловец“ на внатрешниот пазар чини околу 14 милиони рубли (245.000 американски долари). Но, според првиот човек на службата за односи со јавноста на воено-индустриската компанија, тука сè зависи од желбата на нарачателот. „Нема да ставаме оружје, а сето останато се договара и се исполнува според личните желби“, додава Суворов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња