„Форбс“:Ердоган го организираше скандалот во Холандија „по задача на Путин“

Меѓународниот скандал што изби на релација Турција-Холандија беше испровоциран од турска страна „по задача на Путин“, пишува американското списание „Форбс“.

Меѓународниот скандал што изби на релација Турција-Холандија беше испровоциран од турска страна „по задача на Путин“, пишува американскиот магазин „Форбс“.

Според мислењето на авторот на текстот, Анкара намерно ги планирала споменатите настани пред изборите во Холандија за да ја зајакне позицијата на Герт Вилдерс, затоа што неговата победа би одела во полза на рускиот претседател Владимир Путин.

Авторот исто така нагласува дека непосредно пред парламентарните избори во Холандија властите одбија да го пуштат во земјата шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу кој планираше да говори на турскиот митинг во Ротердам за поддршка на референдумот за уставни промени. Ердоган потоа ги нарече холандските власти „нацисти“ и ги обвини за масакрот во Сребреница.

Авторот на текстот пишува дека доколку на холандските парламентарни избори победеше партијата на Вилдерс, стабилноста и единството на Европа би биле разнишани А со самото тоа и отпорот спрема дејствувањето на Путин, пренесува „ТВ Ѕвезда“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.