Русија повикува Холандија и Турција да го решат конфликтот без посредници

Русија ги повикува политичарите од ЕУ и Анкара на воздржаност, Турција и Холандија немаат потреба од посредници при регулирањето на напрегнатоста, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Што се однесува до конфликтната ситуација меѓу Турција и Холандија, несомнено, ги повикуваме и Хаг, и Анкара на воздржаност, на конструктивизам за деескалација на напрегнатоста која настана меѓу двете земји“, изјави Песков за новинарите, одговарајќи на прашањето како Кремљ ја оценува реакцијата на европските политичари на скандалот меѓу Турција и Холандија, и дали Москва сака да настапи во таа ситуација како помирувач.

Тој исто така додаде дека „ние не сметаме дека овде има потреба од некакви посредници“. „Единствено тие две земји можат да излезат од таа ситуација“, потенцира Песков, пренесува РИА „Новости“.

Претходно властите на Холандија не го пуштија во земјата авионот со шефот на МНР на Турија, кој планираше да присуствува во саботата на митинг во Ротердам, за да ги информира турските државјани во таа земја за уставните промени за кои ќе се гласа на референдумот во Турција закажан за 16 април.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња