Првиот човек на Австриската партија на слободата Хајнц-Кристијан Штрахе се залага за создавање европска армија наместо „потчинетото на САД НАТО“, пишува „Клајне Цајтунг“. Според политичарот, сомнежите на претседателот на САД Доналд Трамп во желбата на Европејците да ја финансираат Северноатлантската алијанса „треба да се искористат како шанса“.
„Ако создадеме европска армија, тогаш ќе видиме дека можеме самостојно да се справиме со нашата заштита“, изјави Штрахе. Излегувањето на Европа од НАТО и негова замена со армија на ЕУ „во среднорочна перспектива е правилен пат“. „Во спротивен случај ќе се наоѓаме под американска команда која секогаш има некакви свои интереси, да му плаќаме и да ја финансираме американската воена индустрија“, потенцира австрискиот политичар.
Во рамките на проектот за европска армија за соработка можат да бидат повикани и земјите кои сакаат да станат членки на НАТО. Притоа се работи за „одбранбен, а не офанзивен проект“. Покрај тоа, Штрахе ја истакнува неопходноста да има нуклеарно оружје во арсеналот на армијата на Европа.
Политичарот исто така ја предупредува ЕУ од „паѓање во изолација поради критиките на адреса на Русија и на адреса на претседателот Трамп“. Конфликтот со Русија треба да се реши по дипломатски пат и „по можност да се откажеме од санкциите“. Исто така, во интерес на „силна континентална Европа“ е неопходно да се формира зона за слободна трговија со Русија, резимира Штрахе, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче