Техеран не ја исклучува можноста авионите на руските Воздушно-космички сили да го користат воздушниот простор на Иран за борба против терористите во Сирија, изјави секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Шамхани, пренесува агенцијата „Мехр“.
„Иран и Русија соработуваат за Сирија повеќе од еднаш, координацијата е сеопфатна, опфаќа различни аспекти. Според тоа, Иран ќе дозволи во својот воздушен простор руски воени авиони во случај тие да се стремат да гаѓаат цели на терористите во Сирија“, изјави Шамхани.
Сепак, тој истакна дека на иранските власти ќе им треба време за да го решат ова прашање, бидејќи е неопходно да се добијат соодветни дозволи од различни структури. Тој објасни дека обично во такви случаи се разгледуваат два аспекти: времето на предвидениот прелет и потребата за издавање на таква дозвола за странска воена авијација.
Во август минатата година авиони на ВКС РФ Ту-22M3 и Су-34 се појавија во 3-та воздухопловната база на ВВС Иран во близина на Хамадан. На 16 август авијацијата првпат изврши воздушни напади врз милитантите во Сирија, полетувајќи, како што особено истакна руското Министерство за одбрана, со полна борбена опрема. Подоцна истиот месец базирањето на руските авиони беше прекинато. Според медиумите, како причина беа наведени разликите кои се појавија меѓу Москва и Техеран, пишува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче