Велика Британија ќе инсистира на задржување на санкциите против Русија

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон истакна дека постојат сите услови „за продолжување на притисокот врз РФ“.

Велика Британија „ќе инсистира на задржување на санкциите и продолжување на притисокот врз РФ“, изјави шефот на британската дипломатија Борис Џонсон по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

„Велика Британија ќе инсистира дека нема никакви услови за омекнување на санкциите против Русија и (постојат) сите услови за продолжување на притисокот врз РД“, изјави тој, пренесува ТАСС.

Во моментов важноста на економските санкции на ЕУ против Русија е продолжено до 31 јули 2017 година.

Политичарот исто така изјави дека Велика Британија „ја напушта ЕУ, но нема да ја напушти Европа“.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња