„Блумберг“: и покрај желбата на Трамп, ЕУ ќе ги продолжува санкциите

Европската унија во март се подготвува да ги продолжи уште шест месеци санкциите воведени против повеќе од стотина Украинци и Руси, кои се обвинети за дестабилизација на Украина, соопштува агенцијата „Блумберг“. ЕУ има намера да го преземе овој чекор и покрај фактот дека претседателот на САД Доналд Трамп размислува за затоплување на односите со Москва, се вели во статијата.

Додека Трамп размислува за затоплување на односите со Русија, Европската унија има намера да ги продолжи санкциите против „клучните сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, кои се обвинети за дестабилизација Украина“, соопштува агенцијата „Блумберг“.

Четворица претставници на ЕУ изјавија дека владите на земјите-членки имаат намера кон средината на март да ги продолжат за уште шест месеци санкциите против повеќе од 100 Украинци и Руси. Официјалните лица сакаа да останат анонимни, бидејќи оваа информација е доверлива, се истакнува во статијата.

Како што потсетува изданието, санкциите против индивидуални лица вклучуваат замрзнување на активата на тие луѓе и забрана за влез во ЕУ.

Планираното продолжување на индивидуалните санкции зборува за посветеноста на политиката на ЕУ, која германската канцеларката на Германија Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ја спроведуваа, следејќи ги стапките на Барак Обама, се вели во статијата, пренесува РТ на руски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња