22% Американци ја сметаат Русија за непријател на САД

Една третина од жителите на САД ја сметаат Русија за „непријателска држава“, велат резулатите од анкетата на тема руско-американските односи спроведена во САД.

Една третина од жителите на САД ја сметаат Русија за „непријателска држава“, уште 22% Американци ја сметаат како „непријател“ на САД, велат резултатите од анкетата што ја спроведе компанијата YouGov.

Притоа меѓу испитаниците кои гласале за Хилари Клинтон на изборите за претседател на САД, процентот на оние кои ја сметаат Русија за „непријател“ е речиси четири пати поголем (39%) отколку меѓу приврзаниците на претседателот Доналд Трамп (10%).

Една четвртина од анкетираните не можеле да дадат своја оценка за односите меѓу Москва и Вашингтон. Само 19% од испитаниците ја навеле Русија како „сојузник“ или „пријателска држава“ спрема САД.

Анкетата била реализирана од 28 јануари до 1 февруари. Своето мислење за руско-американските односи со искажале 1313 граѓани на САД, пренесува РИА „Новости“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња