Стратфор: Киев сака ескалација во Донбас за да го осуети дијалогот РФ-САД

Киевските власти можат самите да ги провоцираат борбите во Донбас, затоа што се плашат од зближување на САД и Русија, се вели во процената на американската аналитичко-истражувачка компанија „Стратфор“ (Stratfor).

Компанијата „Стратфор“ истакнува дека борбите во Донбас во последно време се навистина интензивирани и, иако Киев изјавува дека тоа ѝ е потребно на Москва за да ја подобри својата позиција во преговорите со Западот, исто така е веројатна и ескалацијата токму од страна на Украина, затоа што таа се плаши од можното зближување на САД и Русија, пренесува „Взгљад“.

Компанијата исто така смета дека тоа би било поволно за Киев „за да привлече внимание кон конфликтот и да си обезбеди меѓународна поддршка во прашањето за продолжување на санкциите против Москва“.

„Украина се наоѓа во опасна положба. Додека Вашингтон се обидува да постигне затоплување во односите со Москва, Киев ќе бара поголема поддршка од страна на европските сојузници. Тој исто така ќе се обиде да ја промени перцепцијата за конфликтот во источниот дел на Украина на таков начин, за да го насочи тоа против Русија, искористувајќи ги изблиците на насилство, за да ги убеди САД да покажат цврстина во прашањето за санкциите“, смета „Стратфор“.

Компанијата истакнува дека тие обиди на Киев сепак нема да го попречат затоплувањето на односите меѓу САД и Русија, а ситуацијата во Донбас може значително да се влоши.

„Стратфор“ исто така изјавува дека Киев е крајно загрижен од  доаѓањето на власт на администрацијата која има намера да го зацврсти дијалогот со Москва. Во перспектива тоа значи неминовна промена на политиката на САД кон Украина, се вели во публикацијата на „Стратфор“.

Според мислењето на компанијата, Киев сака да добие поддршка од Германија и дека тоа е причината поради која претседателот на Украина Петро Порошенко отпатува на 30 јануари во Германија, поради неговата „обесхрабреност од позицијата на новата администрација на САД“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња