Изјава на МНР РФ во врска со наглото заострување на ситуацијата во Донбас

Министерството за надворешни работи на РФ се јави со реакција по повод наглото заострување на ситуацијата во Донбас.

МНР РФ смета дека тешкото вооружување кое се користи деновиве во Донбас одамна требаше да биде повлечено од линијата на разграничување меѓу спротивставените страни.

Резултат на тоа се убиени и ранети цивили и оштетени повеќе стопански објекти.

„Гледаме како југоистокот на Украина, кој и без тоа страда поради економската блокада на Киев, повторно се најде на границата на вистинска хуманитарна и еколошка катастрофа.

Сето тоа е директна последица на континуираното кршење на обврските од страна на Украина според „Минската спогодба“, кој никој во Киев и нема намера да ги реализира. Наместо напори за постигнување траен мир, украинските власти упорно се обидуваат да дојдат до воено решение на конфликтот. Би сакале да потсетиме како завршуваа овој вид на авантури“.

Исто така, смета МНР РФ, има чудна коинциденција меѓу заострувањето на ситуацијата во Донбас и патувањата во странство на украинското раководство кое, очигледно, на тој начин смета дека ќе ја одржи кризата испровоцирана од Киев на меѓународната агенда.

МНР РФ ги повикува украинските власти итно да престанат со вооружените провокации во Донбас, да го почитуваат постојниот договор за примирје и да пристапат кон одговорно исполнување на сите одредби на „Минската спогодба“.

МНР РФ ги повикува и партнерите на Украина да извршат влијание врз Киев, како и ОБСЕ да преземе оперативни чекори за најбрза деескалација на ситуацијата, се вели во коментарот објавен на сајтот на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња