Ова Потје го напиша на својот профил на „Твитер“.
Информациите за укинувањето на санкциите ги потврди и соработникот на изданието „Политико“ (Politico) Сузан Гласер, која на „Твитер“ напиша дека санкциите ќе бидат еднострано укинати согласно указот на претседателот на САД.
Трамп повеќе пати зборуваше за воспоставување добри односи со Русија за решавање на проблемите во светот. Експертите сметаат дека под неговово водство САД можат постепено да почнат со укинување на санкциите против Русија.
Претседателот на САД претходно изјави дека САД можат да ги укинат санкциите во замената за билатерален договор за намалување на нуклеарното оружје, макар што таквата варијанта не ѝ одговара на Москва.
Поради овие изјави на Трамп, во Сенатот на САД почна да се подготвува закон кој треба да му забрани на американскиот претседател самостојно да ги укинува санкциите против Русија, пишува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче