Сенатори на САД сакаат да му забранат на Трамп укинување на санкциите

Лидерот на демократите во американскиот Сенат Чак Шумер изјави дека заедно со група сенатори работи на предлог-закон со кој ќе може да му се забрани на претседателот на САД Доналд Трамп да ги укинува санкциите против Русија без одобрение од Конгресот.

Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си сенаторот од редовите на Демократската партија на САД Чак Шумер изјави дека се планира предлог-законот, со кој ќе му се забрани на Трамп да ги омекне антируските санкции без согласност на Конгресот на САД, да биде ставен на разгледување следната недела.

Според него, предлог-законот добил поддршка од страна на републиканските сенатори Џон Меккејн и Линдзи Греем.

Претходно беше соопштено дека американските сенатори го повикаа Трамп да ја продолжи политиката на санкции против Русија.

Сенаторите од редовите на Републиканската партија на САД Линдзи Греем и Џон Меккејн претходно изјавија дека разработуваат предлог-закон за нови антируски санкции, пишува РТ на руски.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња