Преработката на Морската доктрина се наѕираше одамна. Претходната верзија од 2001 година беше предвидена за периодот до 2020 година, но промените во светот што се случија во последниве 5 години, особено на границата со Русија, се толку сериозни што со цел понатамошен ефикасен развој на националната морска дејност корекцијата на доктрината стана едноставно неизбежна.
По дискусијата и разгледувањето на новиот документ, предвиден за периодот до 2030 година, на различни рамништа, тој беше одобрен и од Владимир Путин.
Нов правец и нови стратешки партнери
„Ние спроведовме голема работа за обновување на Морската доктрина на Руската Федерација. Главна цел на овој исклучително сложен документ е во обезбедување целосна, последователна и ефикасна морска политика на Русија, насочена кон заштита на државните интереси“, подвлече Владимир Путин на отворањето на состанокот на Денот на ВМФ, кој се одржа на фрегатата „Адмирал на Флотата на Советскиот Сојуз Горшков“.
Структурата на новата редакција на Морската доктрина претрпе мошне големи промени. Доколку функционалните правци на националната морска политика во целост останаа исти (дејноста во областа на морскиот транспорт, освојувањето и зачувувањето на ресурсите на Светскиот океан, морските научни истражувања и воено-морската дејност), списокот на регионалните правци на морската политика беше проширен за сметка на Антарктичкиот правец посебно.
„Со оглед на тоа дека во последно време во врска со Антарктикот се случуваат голем број настани, тоа е мошне интересен регион за Русија“, изјави вицепремиерот Дмитриј Рогозин. Останатите пет правци останаа исти: Атлантскиот, Арктичкиот, Тихоокеанскиот, Каспискиот и Индоокеанскиот.
Освен тоа, обемот на овој дел од доктрината е суштествено зголемен, а бројот на долгорочните задачи и настани, планирани за реализација за сите главни регионални правци се значително проширени.
При тоа важна компонента на националната морска политика на Тихоокеанскиот правец е „развивањето на пријателски врски со Кина“, а на Индоокеанскиот – „развивање на пријателски со Индија“.
Атлантик и Арктик
Основни акценти во новата редакција на Морската доктрина се ставени на два регионални правци – Атлантскиот и Арктичкиот.
„Атлантскиот – со оглед на тоа дека во последно време се случува мошне активен развој на Северноатлантската алијанса и нејзино приближување до нашите граници, на што, безусловно, Руската Федерација наоѓа свој одговор. Вториот момент е поврзан со присоединувањето на Крим и на Севастопољ кон Руската Федерација, така што е потребно да се донесат мерки за што поитна интеграција во економската дејност на Крим и на Севастопољ. И, секако, повторно присуство на руската морска флота во Медитеранот, - појасни вицепремиерот Дмитриј Рогозин. – Кога станува збор за Арктикот, тоа е условено од неколку настани. Тука е значењето на Северниот морски пат... Освен тоа, Арктикот за нас претставува слободен излез на Атлантскиот и на Тихиот океан, кои не се ограничени. И секако, самото богатство на континенталниот шелф, кое изискува внимателен однос во разработката“.
Подарок за градителите на бродови
Особена важност за развојот на Русија како голема морска држава игра и појавата на новиот дел во доктрината – бродоградбата.
„Ова е во голема мера поврзано со тоа што во последниве 10-15 години се појави бродоградба, која во дел е изградба на воени бродови, а обемот на работата може да се спореди со оној од советското време, - подвлече за време на состанокот вицепремиерот Дмитриј Рогозин. – Кога станува збор за бродоградбата во интерес на цивилната, комерцијална флота, во овој сегмент стимулираме создавање приватни бродоградилишта, кои се покажуваат како успешни“.
„Руската Федерација, раководејќи се според основите на Морската доктрина, има намера решително, последователно и силно да ги зацврсти своите позиции во Светскиот океан“, се посочува во заклучокот на новата редакција на доктрината. Друг пат за една голема морска држава, каква што историски е Русија, не постои.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче