Студентите имаат можност да го продолжат своето образование во Русија по стекнувањето претходно образование во Македонија (средња школа, факултет), да студираат бесплатно, да добијат парична стипендија (во висина од 1300 рубли и повеќе во зависност од регионот и одредениот факултет), без оглед на академскиот успех и да бидат сместени во студентски дом.
Во првата етапа на конкурсот кандидатите треба да пополнат електронски образец за пријавување и да ги приложат потребните документи во скенирана форма.
Кандидатот има право самостојно да го избере местото на своето идно образование и да наведе најмногу 6 високообразовни институции, но не повеќе од две во еден федерален округ.
Странските државјани кои не го владеат добро рускиот јазик имаат право на обука на подготвителните одделенија или подготвителните факултети на државните образовни институции, каде што се стекнуваат со знаење, потребно за студирање на руски јазик, исто така на сметка на федералниот буџет, со исплата на стипендии (во текот на целокупниот период на школувањето, независно од постигнатите резултати). Обуката на подготвителниот факултет или подготвителното одделение трае една година и не влегува во времетраењето на образованието во рамките на избраните студии. Таквите кандидати треба да ја наведат неопходноста од обука на подготвителните одделенија (факултети).
Рокот за доставување на документите е 1 март 2020 година.
Од пријавените кандидати комисијата во Македонија составува список на најдобрите и го испраќа во Министерството за наука и високо образование на Русија кое ја спроведува втората етапа на селекција.
Трошоците за превоз на кандидатот до местото на школување и полисите за здравствено осигурување ги кандидатот и (или) спонзорот.
Пријавувањето се врши преку следниов линк: http://edu.rs.gov.ru.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче