Захарова објасни зошто Русија нема да протера американски дипломати

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова објасни зошто нема да бидат протерани американски дипломати од Русија.

Русија, во одлучувањето за возвратни мерки на протерувањето на руските дипломати од САД, ги зеде предвид интересите на вработените во американските дипломатски претставништва и нивните деца, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на РФ Марија Захарова, пренесува РИА „Новости“.

Претходно претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека Москва нема да протера никого како одговор на американските дејствија, иако руската страна ги има сите причини за соодветна реакција.

„Разбирајќи дека дипломатијата е заснована врз реципрочни возвратни мерки и чекори, ние го имавме предвид со целата сериозност и со целата сериозност го разгледавме прашањето за тоа како ќе се чувствуваат нашите американски колеги и нивните семејства. И, што е најважно, нивните деца, кои сега се подготвуваат за новогодишните празници и божиќниот распуст, како сега ќе бидат исклучени од учебниот процес и како ќе им требаат исто така 72 часа да си ги соберат работите и да си одат дома, токму на тој начин донесовме ваква одлука“, изјави Захарова.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња