„Новите непријателски чекори на администрацијата во заминување ги цениме како провокативни, насочени кон понатамошно поткопување на руско-американските односи. Ова јасно им противречи на основните интереси како на рускиот, така и на американскиот народ“, се вели во соопштението на сајтот на Кремљ.
Притоа рускиот лидер истакнува дека тоа исто така му нанесува штета и на целиот комплекс на меѓународните односи.
Претходно Путин изјави дека Русија нема да протерува никого како одговор на санкциите на САД.
„Руските дипломати кои се враќаат во својата татковина ќе ги поминат новогодишните празници во кругот на роднините и пријателите - дома. Ние нема да им создаваме проблеми на американски дипломати. Нема да протераме никого. Нема да им забраниме на нивните семејства и деца да ги користат нивните вообичаени места за одмор во новогодишните празници“, истакна претседателот на Русија, пренесува РТ на руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче