Руски тим за истрага на убиството на Карлов пристигна во Анкара

Истражен тим од Русија во вторникот попладне допатува во Анкара за да учествува во истрагата за убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, кој во понеделникот пристигна во Москва.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави за потребата колку што е можно побрзо да се утврдат сите околности на убиството на дипломатот, пренесува „Взгљад“.

„Вчера нашите претседатели се договорија дека во прилог на веќе започнатите активности на турските специјални служби руска истражна група да полета за Анкара, и таа веќе, како што разбрав, слета во турскиот главен град“, изјави Лавров, додавајќи дека со истиот авион телото на амбасадорот Карлов ќе биде пренесено во Москва.

Според министерот, трагедијата што се случи ја присилува меѓународната заедница да презема мерки, за порешително да се бори против тероризмот. „Не смее да им се попушта на терористите во Сирија“, додаде Лавров.

Истражниот тим се состои од претставници на Министерството за вонредни ситуации на Русија и Истражниот комитетот на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња