Министерството за надворешни работи на Турција го осуди убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов. Соодветната изјава беше објавена на сајтот на институцијата.
Министерството го нарече инцидентот „кукавички терористички напад“ кој го покажа „најподмолното и варварско лице на тероризмот“. МНР Турција истакнува дека убиецот е ликвидиран, а одговорните за инцидентот ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Министерството изјави дека Карлов успешно работел во Турција во ова „сложено време“ и покажувал исклучителна професионалност. „Ние нема да дозволиме овој напад да го помрачи пријателството меѓу Русија и Турција“, потенцира МНР Турција, изразувајќи сочувство до рускиот народ и владата.
Турција и Русија ќе ги вложат сите напори за борба со тероризмот, заклучува дипломатскиот ресор на Турција, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче