„Операцијата на сириската армија за ослободување на источните квартови на Алепо под контрола на милитантите е завршена. Сириските владини сили ги ликвидираат поединечните жаришта на отпор на радикалите“, исто така соопшти рускиот Центар за помирување на завојуваните страни, пренесува „Взгљад“.
Претходно беше соопштено дека операцијата за повлекување на милитантите и членовите на нивните семејства од источните реони на Алепо е завршена.
Претходно евакуацијата на милитантите и нивните семејства беше запирана поради прекршување на договорот од страна на терористите.
Првите 24 часа од операцијата за повлекување на милитантите, источно Алепо го напуштија девет колони со возила, 6462 лица, од кои 3 илјади беа милитанти.
Во четвртокот, согласно постигнатиот договор, почна повлекувањето на милитантите од Алепо на територија под контрола на опозицијата. Повлекувањето го реализира рускиот Центар за помирување во соработка со сириските власти по налог на претседателот на Русија Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче